1 коментар 1 мин. читање

Ирак ги блокира друштвените мрежи поради страв од исламисти

Владата на Ирак ги блокираше сајтовите на друштвените мрежи Facebook и Twitter, но и видео платформата Youtube, поради поради стравот дека исламистички бунтовници се организираат преку мрежите, и шират пропаганди. Во земјата деновиве има битки помеѓу бунтовниците и ирачката армија, па изговор зад блокирањето е дека мрежите можат дополнително да ја влошат состојбата. Наместо пристап до овие сервиси, граѓаните на Ирак добиваат порака дека сајтот е блогиран од Министерството за комуникации.

Сепак овој потег на владата единствено предизвика пораст на корисниците на Psiphon, апликација која овозможува пренасочување на сообраќајот преку виртуелни приватни мрежи – VPN. Бројот на корисниците оваа недела е 550.000, пораст од 8.000 во нормални услови. Ирак се обидува да го забрани и пристапот до сајтот на Tor Project, но активистите веќе креираат повеќе мирор сајтови за на активистите да им овозможат пристап до сервисот за анонимизација.

„Ирачката влада нема да постигне ништо со блокирање на совијалните медиуми, ова единствено ја прекинува линијата за активистите и останатите за остатокот на светот“, вели Џилијан Јорк за BBC.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top