0 коментари 2 мин. читање 8 јули, 2014

Facebооk сака да гледате повеќе видео, засега само преку мобилните уреди

Facebook се поупорно се обидува да постане и видео платформа. Наскоро секој пат кога корисниците ќе изгледаат некое видео на пријателите Facebook ќе им понуди и други видеа од News Feed, јави TechCrunch. Засега изгледа дека функцијата е достапна на мобилната платформа.

Сервисот наликува на YouTube, па откако ќе заврши видеото покрај опцијата за повторно гледање на видеото под него се наоѓаат повеќе видеа пред да се вратите назат на News Feed. Facebook ја потврди веста потенцирајќи дека засега станува збор за тест кој на корисниците ќе им помогне да пронајдат повеќе видео содржини кои би можеле да ги интересираат. Видеата кој се промовирани и на кој е достапен новиот сервис засега се единствено видеа кои ги снимиле пријателите, а не видеа кои се споделени од YouTube или слични сервиси. News Feed алгоритмот на Facebook неодмна е променет и почесто препорачува видеа кои корисниците подолго ги гледаат. Според најавите интересот на Facebook за видео содржините е бидејќи компанијата се надева дека ќе изнајде начин со кој ќе успее на корисниците да им понуди видео реклами.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top