0 коментари 2 мин. читање 27 мај, 2014

Facebook потроши година дена да ги преслуша вашите омилени шоуа и песни

Facebook веќе една година работи на систем за семплирање на аудио налик на Shazam. Компанијата сака да го олесни споделувањето на овие содржини, па разви софтвер кој автоматски ќе ги препознава шоута или песните кои ќе бидат објавенa како статус. Кога корисникот ќе го вклучи микрофонот да ја препознае содржината, апликацијата често ја препознава музиката или серијата, но некојпат е потребно корисникот да помогне со тоа што ќе потенцира за што станува збор, објаснува друштвената мрежа. Споделувањето е исто како за сите постови, корисникот одбира со кого ќе ја сподели најавата и може да сподели коментар на песната, серијата или филмот. Песните се споделуваат со преглед во траење 30 секунди, а сериите со сезоната и епизодата која ја гледате.

Аудио отпечатокот на Fаcebook интелегентно ги препознава песните во зависност од тоа на што наликуваат. Ова не значи дека апликацијата е секој пат во право, па во овој случај корисникот рачно ќе може да одбере што слуша или гледа, вели Wired. Опцијата доаѓа на Android и iOS и тоа во следните неколку недели најпрво во САД, а иако нема најава најверојатно потоа ќе следи и глобално издавање.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top