Над 100-тина Maкедонци го тужат Facebook бидејќи им ја нарушил приватноста

Досега 112 македонски корисници се приклучија на интернационална граѓанска тужба против Facebook, пренесува Telegraf.mk. Корисниците ја обвинуваат друштвената мрежа дека ги прекршила европските закони за заштита на податоци, и, според Europe-v-facebook организацијата која го започна спорот во Виена, Facebook им должи по 500 евра на секој оштетен корисник. Дополнително, организацијата бара Facebook да се казни бидејќи не ја испочитувал приватноста на корисниците и ги користел нивните податоци без одобрување, ги вклучувал нивните податоци во Graph Search и им дозволувал на надворешни апликации да ги користата корисничките податоци.

Австрискиот адвокат Мак Шремс, која ја започна тужбата, вели дека секој ден се приклучуваат по 7.000 корисници од 100-тина земји кои се незадоволни како Facebook ги користи нивните податоци. На тужбата може да се приклучат корисниците од сите земји, освен САД и Канада, преку онлајн форма. Веќе има околу 20.000 пријави, но тужбата ќе биде ограничена на 25.000 луѓе за да може да се верификуваат профилите. Најмногу луѓе има од Германија, околу 5.200, но голем број има и од Хрватска, над 1.100, и од Србија, 588. Тоа што е интересно, ако се изгуби спорот, трошоците ќе ги плати организацијата која ја покренала тужбата. Но, очекувањата се дека европските судови ќе застанат во одбрана на корисниците.

„Со волкав број на учесници, имаме одлична основа да престанеме да се жалиме заради прекршување на приватноста, и да направиме нешто околу тоа. Ако сме успешни, резултатот ќе има позитивен ефект врз сите корисници“, вели г. Шремс за Guardian.

Facebook не одговори на коментарите околу оваа кампања, но е обврзан од судот да даде одговор во следниве недели.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk