Македонците пцујат како кочијаши на Интернет

Дури 41 милион пцости и невкусни зборови се напишани на кирилица, а над 106 милиони на латинично писмо на Интернет. За жал, дигиталното насилство покрај јавните личности најчести жртви се децата, пишува Нова Македонија. Кога е во прашање ксенофобијата и национализмот на Интернет дел од корисниците имаат простор да се подобрат. Дури 25.000 клипови со споменатата содржина се споделени на друштвените мрежи последнава година, иако беа стартувани неколку кампањи против говорот на омраза, а од февруари годинава, говорот на омраза на Интернет беше означен и како казниво дело.

Сепак судовите и јавниот обвинител досега не покренале постапка за говор на омраза. Пцовките не мора да бидат дефинирани како говор на омраза. Но, според Хелсиншкиот комитет, за дел од случаите, иако постои можност да бидат препознаени како говор на омраза сепак надлежните институции не го прават ова. Покрај овие прекршоци во првите четири месеци се поднесни 132 барања за заштита на личните податоци, од кои 85 за нарушување на приватноста на Интернет. Најчесто до Дирекцијата за заштита на лични податоци, се пријавени лажни профили на Facebook (59 случаи), 17 случаи се за злоупотреба на корисничко име или лозинка, а 9 се однесуваат на останатите друштвени мрежи.

Свеста кај граѓаните расте кога станува збор за овој тип злоупотреби. Тоа, секако, се должи на сѐ поголемото користење на Интернетот и различните сервиси, како и достапноста на тие сервиси насекаде. Факт е дека сме постојано онлајн, особено со користењето на паметните телефони и други преносни уреди и целосно ја следиме состојбата, вели Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

За децата најголема опасност за нив доаѓа од интернет предаторите кои најчесто се преправаат дека се нивни врсници или возрасни на кои можат да им веруваат, обидувајќи се да организираат средба со децата.

Иако говорот на омраза е најчесто присутен на друштвените мрежи, во најголем дел Facebook, Google+, Youtube го имаат ова регулирано во правилата за користење, за жал кога станува збор за отстранување на навредливи постови Facebook, па и останатите мрежи не се премногу ажурни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk