0 коментари 2 мин. читање 6 мај, 2014

Facebook ќе креира MMO игра со виртуелната реалност на Oculus Rift

Facebook планира да ја искористи својата инвестиција од 2 милијарди долари во Oculus Rift да креира MMO видео игра во која се надева дека ќе учествуваат милијарда играчи. Ова го објави директорот на Oculus, Брендан Ирибе на Techcrunch Disrupt. Иако дел од MMO игрите веќе имаат неофицијални верзии за Oculus Rift (Elder Scrolls Online, World of Warcraft, Guild Wars) игра која е наменета за милијарда корисници ќе има потреба од огромна инфраструктура, токму оваа инфраструктура можеби е причината поради која Oculus се приклучи кон друштвената мрежа наместо на гејминг компанија.

„За ММО за милијарда корисници ќе биде потребна поголема мрежа одошто постои денеска во светот, сепак Facebook е одлично место за почеток“, вели г. Ирибе.

Во останатите можности кои ги нуди Oculus секако е можноста за гледање на „филмови“ во кои ќе изгледа дека корисниците земаат учество, посета на sидот во Game of Thrones, херојска борба во Star Wars или посета на мостот во Star Trek, па дури и промена на начинот во кои комуницираме со апликациите за пораки, се само дел од интерактивните содржини кои можеме да ги замислиме, а изгледа дека креаторите на Oculus Rift размислуваат многу пошироко од традиционалната примена на виртуеланта реалност во видеоигрите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top