0 коментари 3 мин. читање 12 јуни, 2014

Марк Закерберг сака да го продава Oculus Rift што е можно поевтино

Иако фановите на виртуелна реалност го мразат денот кога Oculus Rift се продаде на Facebook, сепак се чини дека не е се толку лошо. Има најава дека основачот на друштвената мрежа, Марк Закерберг, сака да ја направи виртуелната реалност достапна за сите, и дека уредот ќе се продава за најниска можна цена. Моментално Development Кit на Oculus Rift се продава по цена од 350 долари.

Во интервју за Ars Technica, директорот на Oculus, Брендан Ирибе откри дека г. Закерберг ја споделува нивната визија и дека ќе им дозволи слобода. Тоа значи дека парите од друштвената мрежа нема да имаат влијание на првата верзија на уредот. Компанијата сè уште нема ниту конечен термин за излегување на финалниот продукт, иако се чини дека тоа ќе се случи до крајот на 2015 година.

„Верувам дека купувањето од Facebook ќе ни овозможи да ја испорачаме првата верзија на уредот поевтино, не се обидуваме многу да заработиме тука. Facebook, посебно г. Закерберг кој сака да ја намали маргината колку е можно повеќе, што ќе овозможи што е можно повеќе корисници да го имаат уредот. И јас би го сакал ова, но истовремено ние планираме бизнис, се надеваме дека ќе работиме без загуби или уште подобро профитабилно, а не да губиме пари. Марк вели да го направиме најдобриот продукт за што е можно помала цена.“

Огромнитие средства кој ги има Facebook ќе овозможат верзијата V2 на Oculus Rift да биде многу подобра. Слично како сите уреди, и Rift пред се ќе зависи од содржините кои ќе бидат понудени на платформата. Но, со популарноста на виртуелната реалност, тоа не би требало да биде проблем, дури и македонските програмери сакаат да понудат поддршка за Oculus. „Има многу богати содржини кои се прават, но потребни ни се уште многу повеќе“, вели г. Ирибе.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top