0 коментари 1 мин. читање

Facebook Slingshot е нов конкурент на Snapchat

Slingshot не е ништо поразлично од популарниот Snapchat, тој е апликација со која се споделуваат фотографии и видеа кои откако ќе бидат видени исчезнуваат. Но, кога е Facebook во прашање, кој има над милијарда поврзани корисници, тогаш е важно корисниците да бидат активни. Slingshot ќе ви ги прикаже споделените фотографии само ако споделите и вие фотографија. Ова значи дека нема да има пасивни корисници, некој кој ја симнал апликацијата и само прима пораки. Ако ви пратат фотографија, вие ќе мора да одговорите со фотографија. Штом ќе се оствари размената, пораките се бришат. За почеток апликацијата ќе биде достапна во САД за корисниците на iPhone и Android.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top