Facebook најмногу заработува од мобилната платформа

Facebook ги објави податоците за заработка во второто тримесечие на 2014. Податоците покажуваат дека сеуште најголемиот дел од приходите доаѓаат од мобилната платформа, овој пат со значителен пораст во однос на претходната година.

Дури 62 отсто од заработката од реклами сега доаѓа од мобилната платформа, пред една година овој удел изнесуваше 41 отсто. Бројот на активни корисници во денот (DAU – Daily Active Users) кои пристапуваат од мобилна платформа е зголемен за 39 отсто и сега 654 милиони корисници пристапуваат од своите телефони, а 399 милиони ја користат единствено мобилната платформа.

Значителен е и порастот на корисници на сите платформи па сега бројот на месечно активни корисници на социјалната мрежа е 1.32 милијарди, пораст од 14 отсто во однос на јуни минатата година.

Заработката на друштвената мрежа во второто тримесечие е 2.91 милијарди US долари, со што за 100 милиони US долари го надмина предвидувањето на Wall Street. Заработката од 2.91 милијарди значи дека сајтот  во просек заработува 2.2 долари од секој корисник.

Акционерите ќе заработат 42 центи за секоја акција. Приходите во однос на ланските се поголеми за 60 отсто, а заработката е е над двојно зголемена.

Со оглед на тоа дека мобилната платформа е сеуште брзорастечка пред се во државите во развој, не изненадува порастот на мобилните корисници. Дополнително со оглед на 2.2 долари кои Fаcebook ги заработува од секој корисник, станува појасна заложбата на социјалната мрежа за поврзување на Интернет на две третини од популацијата кои се сеуште се без пристап до Интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments