Facebook гo испаничи банкарскиот сектор во Бугарија

Facebook и текст пораки беа главно оружје за креирање на паника која сериозно моежеше да го наруши банкарскиот систем на Бугарија, пишува Verge. Кризата во банкарскиот сектор започна откако премиерот на Бугарија објави дека ќе ја запре изградбата на гасоводот Јужен тек.

Кризата во банкарскиот систем е предизвикана пред се од пораки по друштвените мрежи пред се Facebook и Youtube кои ги предупредуваа граѓаните да си ги извадат парите пред да биде предоцна. Властите во Бугарија сега ја имаат ситуацијата под конторола, а дел од вмешаните кои ги испраќаа пораките се во притвор. Прва на удар беше Коорпоративната комерцијална банка, а повлекувањето на пари од банката толку се прошири што мораше да ја предаде контролата на Централната банка. Следна на удар е Првата инвестициска банка, од која корисниците повлекоа 558 милиони долари во еден ден, по што банката мораше привремено да затвори.

Се чини дека барем засега кризата е звршена и бугарските граѓани полека ја враќаат довербата во банките. Премиерот ги убеди граѓаните дека државата има доволно резерви, за да се справат со обидите за дестабилизација. Во оваа насока е кредитната линија од 2,3 милијарди долари од Европската Комисија кои се наменети за стабилизација на банкарсиот систем.

„Не постои криза во банкарскиот сектор. Постои криза во довербата и криминален напад,“ вели бугарскиот премиер Розен Плевнелиев за BBC.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk