Facebook го објави новиот сервис Newswire со кој ќе им помогне на новинарите и редакциите да пронајдат и споделат стории од друштвените мрежа на медиумите кои ги продуцираат. Newswire ќе функционира како агрегатор кој ќе прикажува одберени содржини со помош на Storyful и ќе ги сподели на едно место. Споделените информации ќе доаѓаат од поединци или организации од целиот свет. Сториите кои ќе доаѓаат на FB Newswire ќе бидат и со оригинални фотографии, видеа или статуси од луѓето во близина на настаните. Сервисот е достапен на Facebook и на Twitter. Целта на Facebook е да биде место каде ќе најбрзо ќе се објават најрелевантните вести во реално време.
„Во Storyful сме возбудени што пронајдовме партнер со учинок и разбирање за потенцијалот на социјалните мрежи како ресурс, но и алатка за медиумите, кои имаат потреба од нивно користење. Убедени сме дека нивната новинска експертиза и најдобриот уреднички тим ќе им помогне на новинарите да користат огромната содржина која доаѓа од корисниците на Facebook во прибирањето на вестите и известувњето“.
Неодамна и Twitter во соработка со Dataminer претстави слична алатка, која треба да им помогне на новинарите побрзо и подобро да ги покриваат вонредните вести.