0 коментари 2 мин. читање 11 август, 2014

Facebook Messenger е најсимнуваната апликација која никој не ја сака

Facebook Messenger можеби е најпопуларната најлоша апликација за iOS. Мessenger се искачи на првото место по бројот на симнувања на Apple App Store, но со рејтинг од само 1-ѕвезда. Добар дел од ниските оцени за апликацијата доаѓаат поради тоа што корисниците се чувствуваат присилени да го користат Facebook Messenger, откако друштвената мрежа ја укина поддршката за чет во официјалната апликација.

Рејтингот на апликацијата од 1-ѕвезда е врз база над 15.000 рангирања, од кој најголемиот дел се негативни. Ова рангирање доаѓа по одлуката на Facebook да ги раздели апликацијата за друштвените мрежа од пораките, по што последната верзија на апликацијата падна на 1-ѕвезда, а претходните верзии имаа висок рејтинг од 4-ѕвезди по над 170.000 оцени. Ситуацијата со последните рејтинзи на Facebook Messenger е иста и на Google Play, пишува Mashable, иако на Google Play нема рангирање за верзиите на апликациите, па промената во рејтингот сè уште не се забележува.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top