Facebook повторно е мета на критики од разни страни поради откритието дека во 2012-та година спровел едно-неделен експеримент, заедно со два универзитето во САД, со кој го манипулирал корисничкиот News Feed. Facebook одбрал околу 689.000 корисници на кои им прикажувал само тажни или само среќни вести, со цел да го види ефектот на содржината врз корисниците. Дебатата која се отвори поради експериментот е што можат компаниите да прават со психата на корисниците без нивно знаење? Откачените мачки можат да ве насмеат, но која друга содржина може да ви влијае на мислењето и расположението?
Facebook се обиде да го одбрани својот експеримент, велејќи дека сакале да го видат емоционалниот ефект на Facebook врз другите луѓе кои го користат продуктот. Адам Крамер, кој во водел експериментот, во пост на друштвената мрежа, се правда дека „истражувањето било со цел за Facebook да понуди подобра услуга“. Интересно, г. Крамер во своето извинување вели дека истражувањето зафатило само 0,04 корисници за кратко време (една недела), но иако мал, тој процент подразбира стотици илјади Facebook корисници.
„Мислевме дека е важно да истражиме дали навистина позитивните содржини водат кон негативно расположение или не. Во исто време, бевме загрижени дека изложување на негативноста на пријателите може да ги натера луѓето да не го посетуваат Facebook. Ние не ги искажавме јасно нашите намери во истражувањето“.
Најголемите критики се што Facebook не ги информирал корисниците кои ги манипулирал, што покажува на моќта која ја има друштвената мрежа. Уште полошо, моќта лежи во робот, во нивниот алгоритам да одбира содржина која може или не да влијае на расположението и свеста на луѓето. Иако професорот по психологија Кетрин Слеџ Мур од Елмхурст колеџот, кој соработувал со Facebook на експериментот, вели дека тестот не открил ништо неочекувано – според неа, „резултатите не се ништо посебно“ – сепак критичарите велат дека Facebook воопшто не размислил за етиката и моќта која ја има врз корисниците.
Let's call the Facebook experiment what it is: a symptom of a much wider failure to think about ethics, power and consent on platforms.
— Kate Crawford (@katecrawford) June 28, 2014
Резултатите од експериментот се секако очекувани. Тие корисници кои добивале само тажни вести, постирале тажна содржина, односно Facebook ја имал моќта врз нивното расположение. И обратно, корисниците кои добивале забавни содржини со среќни приказни, постирале порасположливи постови.