Facebook ќе снима филмови за виртуелната реалност на Oculus Rift

Facebook не е заинтересиран единствено за видеоигри за својата инвестиција во Oculus Rift. Друштвената мрежа ќе се обиде да го искористи целото свое влијание во холивудските студија за да креираат содржини за сетот за виртуелна реалност. Последниве неколку недели претставници на Facebook се среќаваат со продуценти од голем број филмски студија и прегоавараат за содржини за Oculus сетот, велат четири неименувани извори на The Information.

За почеток идејата е креирање на покуси филмови, кои ќе се користат како „проширување“ за некои од филмовите. Доколку концептот се покаже како успешен би можеле да се креираат и објавуваат филмови за Oculus. Студијата со кои преговара друштвената мрежа се Disney, Warner Bros, Fox, Paramount, NBCUniversal и Sony Pictures.

Се чини дека друштвената мрежа е одлучена успехот на Oculus да не остави единствено на видео игрите и ќе се обидат да најдат повеќе области во кои би можела да се користи аквизицијата од 2 милијарди долари. Oculus веќе има холивудско искуство неодамна на Comiccon уредот помогна за промоцијата на Pacific Rim. Пред половина година посетителите на SXSW може да го искористат Oculus да го посетат Вестерос, магичниот свет од Game of Thrones, во кое креаторите покажаа како Oculus и специјални ефекти можат да придонесат за подобрување на искуството при гледање филмови.

[youtube]limI3eydI0M[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments