ChatGPT дојде на Viber, а првото прашање е дали ќе ни ги чита разговорите
Една од најкористените апликации за комуникација во Југоисточна Европа доби голема ВИ надградба. Viber официјално го интегрираше ChatGPT директно во својата платформа, овозможувајќи им на корисниците да разговараат со ВИ асистентот без да ја напуштат апликацијата, да сумираат разговори и веб страници, да преведуваат пораки, да уредуваат фотографии и да добиваат помош при пишување текст. […]