10 Android апликации кои мора да ги имате

Без разлика колку редовно го користите вашиот паметен телефон и за која намена го користите, секогаш можете да го збогатите со некоја нова апликација. Иако Android телефоните доаѓаат со веќе преинсталирани апликации, сепак Google Play изобилува со над 800.000 други апликации, некои интересни, некои здодевни, и некои кои едноставно мора да ги имате.

Any.DO е бесплатна апликација за брзо и едноставно создавање на белешки и to-do листа. Без разлика дали правите потсетник или попис за пазар, оваа апликација ќе ви овозможи брзо и едноставно создавање на листа на задачи. Белешките можете да ги споделите со вашите пријатели или соработници, а од пред неколку денови, Any.DO додаде и опција која ќе ве натера да ги завршите вашите обврски.

Pocket e бесплатен читач кој овозможува создавање на ултимативни и целосно персонализирани листи за подоцнежно читање на различни вести од интернет. Сите вести кои сакате да ги прочитате подоцна, можете да ги зачувате преку Pocket, а подоцна да ги прочитате преку било кој од вашите уреди.

Dolphin Browser е веб прелистувач кој сигурно не е развиен и познат како Chrome и Firefox, но ги содржи сите опции кои ви се потребни за сурфање на интернет. Во апликацијата можете да креирате свои движења и така да ја контролирате апликацијата, синхронизирање со Google Bookmarks, а поддржува и цела низа на додатоци.

SnapPea е уште една слична апликација на Airdroid која ја „прогласивме“ како апликација на денот. Бесплатна е, и ќе ви овозможи брзо организирање на вашите апликации, контакти, мултимедија, како и да преземате апликации и останата содржина.

[youtube]ja89AwYlmgk[/youtube]

TuneIn ќе ви овозможи слушање на огромен број радио станици ширум светот. Освен тоа што нуди повеќе од 70.000 различни радио станици и повеќе од 2 милиони подкасти, TuneIn овозможува и синхронизирање со TuneIn.com.

Viber e брзо, едноставно и бесплатно разменување на пораки, аудио повици и фотографии. Препорачливо доколку имате луѓе со кои редовно комуницирате, со што би заштедиле многу доколку немате бесплатни повици. Се поврзува преку Wi-Fi.

[youtube]0nQN5w5ct_E[/youtube]

SnapSeed е бесплатна апликација за обработка на фотографии. Покрај тоа што нуди цела низа на филтри, со апликацијата можете да ги поправите и грешките како лош баланс на боите, а притоа да работити само на одреден дел од сликата.

NewsRob е Чак Норис помеѓу читачите на вести. Овозможува прегледен попис на сите новости, можност за нивно испраќање по и-мејл, како и нивно објавување на социјалните мрежи. Доколку сакате да бидете во тек со сите новости, ова е одлична апликација.

>Avast! Free Mobile Security e бесплатна анти-вирусна програма која покрај тоа што нуди заштита од вируси и различни малициозни натрпници, овозможува и бришење на податоците од вашиот уред од далечина. Корисен е доколку имате осетливи податоци, а вашиот уред заврши во несакани раце.

[youtube]sVzou1P68I8[/youtube]

Evernote e oдлична апликација за сите што сакаат да бидат организирани. Покрај самото создавање на белешки и правење на to-do листи, Evernote нуди и читање на текстови од фотографиите. Нуди синрхонизација со останатите уреди.

[youtube]Ag_IGEgAa9M[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ацко
Ацко
11 years ago

"Покрај самото создавање на белешки и правење на to-do листи, Evernote нуди и читање на текстови од фотографиите."
Значи, кога ќе сликам некоја слика, еверноут може да го прочита текстот што го содржи на сликата?

karanfilov
karanfilov
11 years ago

Го користев Dolphin но на мојот уред некако и не се покажа како добар броусер за неговите хардверски способности. Кон ова би додал дека Baidu Browser кој неодамна излезе од бета за мене лично е многу подобар избор, а Any.do и Evernote се одлични. :)

@deemeetar
11 years ago
Reply to  karanfilov

Тотално се согласувам за Baidu, особено за послаби телефони. Брзината на рендерирање, како и малата побарувачка се донесени до перфекција.