Фестивалот Exit и мобилната апликација Exit ги повикуваат сите талентирани дизајнери да креираат Sticker Pack инспириран од фестивалот. Фестивалот е еден од најпопуларните во Европа, а во регионот без сомневање е и најголем со над 20.000 посетители. Сите учесници во натпреварот ќе конкурираат за наградите, но наградени ќе бидат само најдобрите. Дел ќе добијат парични награди, но некои од креаторите ќе добијат отворен пристап до целиот фестивал.
Натпреварот „Мојата EXIT авантура“ е глобален, па во креирањето на стикери можат да учествуваат сите заинтересирани. Натпреварот трае уште 27 дена, по што ќе бидат избрани најдобрите и наградените. „EXIT е фестивал на слободата, љубовта, младоста и позитивната енергија. Споделувањето на среќа, држењето за раце, движење во ист ритам, тоа е она што го правиме! Слушаме одлична музика, од рифови на Explosive сцена, поп, хип-хоп и гитари на главната сцена, па се до електронски ритам на EXIT Dance Arena“, вели организаторот на натпреварот.