0 коментари 2 мин. читање 11 декември, 2013

Viber влегува во доменот на Skype; нуди повици кон било кој број

Viber Out е нова услуга која ја нуди популарната апликација Viber, а ќе овозможува интернационални разговори по цени конкурентни на Skype. Апликацијата ќе им овозможи на 200-те милиони корисници да ги контактираат своите пријатели, без разлика каде се и дали имаат мобилен или фиксен телефон. Оваа услуга првпат беше претставена по ударот на тајфунот Хајан, кога Viber им овозможуваше на Филипинците бесплатно да контактираат со своите пријатели од целиот свет.

Viber Out е достапна за Android, iOS и Windows десктоп апликацијата, а наскоро доаѓа и на Windows Phone. Кредитот корисниците како и досега можат да го надополнат во апликацијата со директно купување. Пример, повиците од било каде кон македонски фиксен број чинат околу 8 денари, односно 18 денари по минута за мобилен број. На Skype повиците кон мобилни чинат околу 14 денари.

„Viber Out им овозможува на милиони корисници нов начин со кој ќе можат да добијат било кој контакт, во било кое време… Ќе го продолжиме да ја надградуваме Viber Out поврзувајќи ги нашите корисници за најниска можна цена“, The Next Web ја пренесува изјавата на Талмон Марко, извршниот директор на Viber.

Интересен ќе биде одговорот на конкурентите како WhatsApp, но пред се Skype кој долго време е најевтин начин за поврзување со пријателите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top