0 коментари 2 мин. читање 15 јануари, 2015

ИТ настан: Прва официјална Viber забава во Македонија

Viber, популарната апликација за бесплатни разговори и пораки преку Интернет, најави официјална журка во Скопје. Првата Viber Macedonia Party ќе се оддржи на 18-ти јануари во Станица 26, со настапи на Тамара, Dj Ерик Фокс и Симона Попоска.

Тоа што е интересно е што настанот на Facebook е креиран од двајцата основачи на Viber, Талмон Марко и Игор Магазиник. Се обидовме да стапиме во контакт со нив затоа што сакавме да ги прашаме дали Viber ќе биде локализиран на македонски јазик. Во моментов популарната апликација има над 200 милиони корисници од целиот свет, и е локализирана на 30 јазици. Можеби нивното официјални присуство во Македонија ќе значи дека сакаат да ги наградат своите корисници.

Viber е една од најпопуларните апликации во Македонија, прва по симнување во локалниот Google Play и AppStore. Taa e бесплатна VoIP апликација и сериозен конкурент на Skype, посебно што нуди бесплатни разговори и преку десктоп компјутерите. Од досегашното искуство (сум корисник на Viber веќе две години) се покажа дека квалитетот на разговорите е доста добар, иако зависат од интернет конекцијата. Но, ако Viber досега ме служеше одлично, сепак од неодамна започнаа да внесуваат се повеќе новитети кои ми пречат. Некои од нив се забавни како кул емоџија, но други се малку чудни како јавни четови, што лично ми одзема од тоа што очекуваме од апликација која досега нудеше одлична приватна комуникација. Овие новитети се поттикнати од јапонската Rakuten која плати 900 милиони за да го купи Viber, и која има цел да направи пари од апликацијата на најразлични начини.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top