0 коментари 2 мин. читање 4 ноември, 2015

ИТ настан: Дискутирајте за AllWeb на првиот јавен чет на Viber

AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг која е закажана за 13-ти ноември, во партнерство со Viber стартуваше јавен чет на кој се поканети сите да дискустираат за конференцијата и дигиталниот маркетинг. Секој корисник на апликацијата може да се приклучи на јавниот чет и да ги следи подготовките, интервјуата со говорниците и сите други информации кои се поврзани со конференцијата.

„Концептот на конференцијата е да биде прифатена како двигател на промените и оваа наша активност [со Viber] ја потврдува заложбата да ја постигнеме целта“, вели Славица Биљарска Мирчески, еден од организаторите на AllWeb.

Viber

Јавниот чет е релативно нова функционалност на Viber, кој има над 600 милиони корисници во светот, и е една од најпопуларните мобилни апликации во Македонија. Ова е всушност групен чет преку кој медиумите, брендовите, познатите личности и, во овој случај, организаторите на конференции можат јавно да дискутираат со своите фанови и посетители.

AllWeb 2015 ќе се одржи по четврти пат на 13-ти ноември, и според најавените гости од регионот и подалеку, повторно очекуваме интересни говори и приказни за дигиталниот маркетинг. Меѓу препознатливите имиња се Пол Пападимитроу од Intellegencr; инстаграмџијата Максимилиан Мунч; Иван Речевиќ од Huge Media; Владимир Вулиќ од Digitalizuj.me; Ружица Врдољак од 404 Agency; и други… AllWeb е организирана од маркетинг агенцијата New Media MK.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top