Веројатно најпопуларната платформа за испраќање на текст пораки и интернет разговори во Македонија, Viber доживеа редизајн. Развивачите на Viber ја ребрендираа апликацијата во Viber 10 и најавија дека фокус на надградбата е на корисничкото искуство.
Промените не се драстични, но ќе ги забележите и без пораката „Добредојдовте во новиот Viber“. Иако ненавикната на новиот изглед ќе забележите дека навигацијата е поедноставна, а и самата апликација е побрза. Од Viber велат испраќањето на пораки поради надградбите направени и пред Viber 10 e 2 пати побрзо. Дополнително, подобрен е и квалитетот на гласовните разговори и видео разговорите.
Една од промените се и во насока на разговори без телефонски броеви. Корисниците ќе можат да разговараат меѓусебно без да разменуваат телефонски броеви, туку единствено со името или псевдонимот кој го користат на Viber. Оваа функционалност ќе биде корисна за членовите во различни „групи“ (Communities), тие отсега ќе може да разговараат без да разменуваат телефонски броеви.
Една од најавените промени кои нема да бидат достапни веднаш се групните разговор. Речиси е изненадување што по толку години постоење на платформата нема групни разговори, но ова наскоро ќе се промени. Viber најави дека многу скоро ќе додаде групни разговори со најмногу 5 корисници.