Јапонскиот Rakuten го купи Viber за 900 милиони долари

Rakuten, јапонска компанија која го поседува е-читачот Kobo и Play.com, ја купи популарната апликација за комуникација преку интернет, Viber, за неверојатни 900 милиони долари. Rakuten вели дека тие го купуваат Viber за да станат „број 1 компанија за интернет услуги во светот“, пишува Wall Street Journal. Viber, израелски стартапи со седиште во Кипар, има 300 милиони корисници ширум светот, и иако продолжува да расте благодарение на бесплатните текстуални пораки и гласовни повици, сепак до сега немаше бизнис план со кој ќе ја монетизираат публиката.

Јапонците се чини се презадоволни од зделката бидејќи директорот на Rakuten, Хироши Микитани, вели дека никогаш сами не би успеале да развијат ваков сервис. Според него, Viber има „огромен потенцијал како гејминг платформа“ што го наговести планот дека апликацијата наскоро ќе претстави и игри; а има и потенцијал да се искористи апликацијата за комуникација со онлајн продавниците. Со Viber, јапонската компанија ќе добие пристап до стотина милиони кориници кои ќе можат лесно да отворат шопинг профили на Rakuten.

Viber, покрај на мобилните телефони, е достапен и на PC и Mac десктоп компјутери што му дава предност пред другите конкурентни апликации за чет како WhatsApp.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments