Британските власти сакаат да ги хакнат WhatsApp, Viber и iMessage

Ако во САД се води битка помеѓу Apple и FBI за отклучување на податоците, британските власти брзаат да воведат закон кој ќе ги предвиди ваквите случаеви. Британската влада поднесе контраверзен предлог-закон со кој предвидува намалување на безбедноста на WhatsApp, iMessage, Viber и останатите текст апликации. Законот под името „Snooper charter“ предвидува пристап на полицијата до податоците на телефоните и интернет сервиси.

Законот налага да се направат верзии на популарните апликации кои ќе бидат со намалена безбедност и ќе можат да бидат инсталирани на барање на властите. Овие верзии на апликации нема да бидат со „разводнето“ криптирање, но предвидуваат backdoor за полицијата да има потполн пристап до пораките. Забраната предвидува отстранување на делови од безбедноста кога ова ќе биде од практична природа, пренесува Independent.

Она што е дополнително проблематично е барањето за пристап до податоците од прелистувањето на секој корисник, кои би се чувале за последните 12 месеци. Новиот закон предвидува пристап до податоците за прелистување на веб-страници и надвор од криминалните активности. „Ова е од витално значење за законодавците и решени сме да го направиме правилно. Променетиот предлог-закон кој ќе го предложиме денес отсликува најголем дел од препораките на комитетите – ги зајакнавме заштитните мерки, ја зголемивме заштитата на безбедноста и аранжманите за надзор. Законот ќе биде разгледан од парламентот пред да биде донесен како закон до крајот на 2016 година“, вели Тереза Меј, британски министер за внатрешни работи.

Според министерката, мерката за безбедност е насочена против терористите и криминалците кој се почесто го користат интернет. Мерката треба да и помогне на полицијата да ги заштити британските граѓани, но иако министерката бара поголема безбедност, безбедносните експерти побараа личните права и слободи на граѓаните да бидат темел на новиот закон, јави Guardian.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk