Cyber Monday – уште една тура 1337 попусти во ИТ Маркет

8 коментари 3 мин. читање

Го искористивме Black Friday за официјално лансирање на IT.mk/market и во петок понудивме попусти на сите одбрани парчиња хардвер во ИТ Маркетот, односно дента истите беа достапни по 1337 цени за секој, не само за 1337 членовите. На попуст беше и премиум членството на IT.mk.

Продажбата помина задоволително како за прв ден, со повеќе од 50-тина нарачки, а бидејќи го испочитувавме американскиот шопинг-празник Black Friday кој изминативе години станува сѐ попопуларен и на овие простори, редно е и како ИТ портал да го одбележиме Cyber Monday, барем за сите оние кои не ги потрошиле парите на Black Friday. :)

Имено, Cyber Monday е првиот понеделник после Black Friday, кој всушност се случува веднаш по Денот на благодарноста, национален празник во САД. Cyber Monday започнал од 2005-та година, кога сајтот Shop.org се решава да создаде дигитален еквивалент на петочкиот шопинг-празник и преку маркетинг кампања ја популаризира акцијата на која брзо се приклучуваат и други онлајн трговци.

Што ви нудиме по повод Cyber Monday?

Попуст на IT.mk премиум членство

Попуст на премиум членството на IT.mk кое нуди голем број бенефити за кои може повеќе да прочитате тука. 1337 членството е намалено исто како за Black Friday, од 3.000 ден. на 1.337 ден., додека Basic членството е 599 денари, наспроти регуларните 1.500 ден..

Одлични попусти на одбрани Logitech производи

Во ИТ Маркет ќе пронајдете, покрај другите брендови, и неколку парчиња хардвер од Logitech, како безжичниот маус G903 HERO, волан и педали за гејминг WHEEL G29, професионална камера за видео конференции Conference Cam Connect, и можеби (субјективен став) најдобрите парчиња хардвер што некогаш Logitech ги има произведено – безжичниот маус MX Master 3 (кој е производот и за првиот Giveaway за 1337 членови) и безжичната тастатура MX Keys и варијантата за кодери/дизајнери CRAFT.

Супер зделки и за компоненти за надградба на вашиот PC

Долго време размислувате што да надоградите на вашиот ПЦ? Дозволете да ви предолжиме G.SKILL RAM меморија DDR4, Trident Z 32GB или пак Ripjaws 64 GB, куќиште од Be Quiet Full-Tower Dark Base Pro Rev. 2 во сребрена боја, како и соодветно напојување од 1200W од истиот бренд, модел BN310.

Во ИТ маркет со 1337 попуст ќе заштедите и 1.300 денари на all-in-one (AIO) CPU кулер со RGB осветлување, а доколку му дошло време и за менување на мониторот, проверете ги CURVED S3221QS моделот, 32 инчен монитор на Dell, како и ASUS-овиот TUF VG27BQ од 27 инчи. Доколку пак сте комплетно разочарани што ништо не сте потрошиле на Black Friday, тогаш заштедете 3.000 денари и подновете се со гејминг графичката картичка ASROCK Phantom RX 6900 XT.

ITMKWARE v1.0

Ако пак веќе сте се изнакупувале хардвер претходниве денови, разгледајте ги попустите на првата верзија од ITMKWARE (pun intended), брендирани маички со уникатен дизајн:

Промоцијата трае до 23.59 часот во понеделник, 29-ти ноември, а исто така важен момент е што за сѐ има бесплатна достава низ цела Македонија.

И не заборавајте, со користење на ИТ маркет давате поддршка на IT.mk и ни помагате да се подобриме!

Тик-так…. :)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (7)Kоментари на статија (1)

Се вчитуваат нови одговори…

ContentBot

Робот (content unit)

283 пораки 974 лајк

Најпродаваниот производ за време на Black Friday & Cyber Monday на ИТ Маркет е.....

Безжичната тастатура на Logitech MX Keys Graphite со Unify конектор и Bluetooth опција.

Нарачај ја по 1337 цена веднаш и заштеди > Безжична тастатура Logitech MX KEYS Graphite Unify, w/Bluetooth 920-009415 ⋆ IT.mk

одговори Лајк

ContentBot

Робот (content unit)

283 пораки 974 лајк

Споредба на цена:

1638201532888.png

одговори 1 Like

TylerMkD

poweruser

4,582 пораки 9,695 лајк

Споредба на цена:

Погледнете го атачментот 106797

Немој да стануваш одбивен бот, а да не мислиш нас ботови на ИТ форум:

одговори 3 лајкови

D

Администратор

4,006 пораки 4,181 лајк

Немој да стануваш одбивен бот, а да не мислиш нас ботови на ИТ форум:

Точно така. Но сепак пак е најевтино. :)

Off topic, ама морам да прашам, @TylerMkD сме ти згрешиле нешто? :))

одговори 9 лајкови

Nikola100

poweruser

5,203 пораки 5,137 лајк

Немој да стануваш одбивен бот, а да не мислиш нас ботови на ИТ форум:

Последна шанса до 24ч вечер да си купиш членство по БлекФрајдеј цени.
Само да потсетам зошто јас искористив.

одговори 2 лајкови

TylerMkD

poweruser

4,582 пораки 9,695 лајк

Последна шанса до 24ч вечер да си купиш членство по БлекФрајдеј цени.
Само да потсетам зошто јас искористив.

Јас ако купам, ќе купам по регулар цена за да ги поддржам :cool:

Мислењето е автоматски споено:

Точно така. Но сепак пак е најевтино. :)

Off topic, ама морам да прашам, @TylerMkD сме ти згрешиле нешто? :))

Не бе, само сумирам критики за v6, тоа е актуелно сега нели...али ај ќе намалам.

одговори 2 лајкови

D

Администратор

4,006 пораки 4,181 лајк

Не бе, само сумирам критики за v6, тоа е актуелно сега нели...али ај ќе намалам.

Штом ништо не сме ти згрешиле, ич не намалувај. :)
Форум е, треба да се дебатира

одговори 2 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top