ИТ.МК

3.895 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Победник на вториот Vip Аndroid предизвик е…

Android aпликацијата beeClever е избрана за најдобрата апликација меѓу финалистите на вториот Android предизвик. Се работи за апликација преку која помладите корисници можат да учат букви и зборови. Koга сме кај помладите, како најиновативна апликација е прогласена Prelistaj на 13-годишниот Филип. Најмладиот финалист на #ВипПредизвик twitter.com/Mitko239/statu… — Mitko 239 (@Mitko239) November 25, 2012 За најдобар […]

0 коментари Прочитај 25 ноември, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи ИТ.МК

ИТ настан: Доделени Блогираме.мк и Twitter наградите

Најпрво, за тие што не се запознаени, Blogirame.mk доделуваше награди за македонските блогери и твитерџии. Номинациите, дел од категориите и победниците ги одредуваше самата заедница, а синоќа во МКЦ во добар дел на присуство на истата, беа доделени и златните медаљи за победниците. За најсекси блогер/ка беше избрана Ангела со нејзиниот блог Angela Dissected, најреволуционерен […]

3 коментари Прочитај 24 ноември, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Сега ќе ја оценуваме администрација преку интернет

Таканаречените „семафори“ кои се поставени на шалтерите за оценување на администрацијата, сега добија онлајн верзија преку која граѓаните ќе можат да ја критикуваат или пофалат администрацијата со притискање на црвеното, жолтото или зеленото копче. Онлајн семафорите можат да се најдат на semafor.mioa.gov.mk. Преку сајтот, откако ќе внесете архивски број на предмет, одделение и институција, ќе […]

3 коментари Прочитај 23 ноември, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК Мора да прочиташ

Со „Метео сензорот“ наскоро секој ќе може да го мери квалитетот на воздухот во Скопје

Наскоро секој граѓанин ќе може да си направи сопствен метео сензор и да добиваат информации за тоа колку е загадена околината во која живеат. Со тоа, повеќе ќе нема потреба да се чека на институциите да објават информации каков воздух дишиме, а и самите знаеме дека истите може да бидат манипулирани. Метео сензор кутијата е […]

6 коментари Прочитај 23 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

Сите видеа од сите предавања на е-Општество 2012

Дали верувате во отворено образование и отворени ресурси? Оваа прашање беше дискутирано на меѓународната конференција е-Општество 2012 која се одржа минатата недела во Скопје. Конференцијата беше домаќин на бројни домашни и странски експерти кои споделија свое мислење за како да се стигне до отворено образование со денешните технологии. Дискусијата и во двата дена беше доста […]

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: CodeCamp 2012

Oваа сабота, 24 ноември, во просториите на Универзитетот ФОН ќе се одржи третиот по ред CodeCamp 2012. На еднодневната конференција ќе гостуваат 25 локални и регионални предавачи и експерти од софтверската индустрија. На настанот ќе може да се слушне за најновите технологии и трендови за развој на софтвер како HTML5, .NET 4.5, Visual Studio 2012, […]

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Македонскиот Market Konekt се проширува и во Бугарија

Македонските фирми кои тргуваат преку македонскиот онлајн маркет Market Konekt сега ќе може да се прошират и на пазарот во Бугарија. Продавачите и купувачите од двете земји ќе можат да споредуваат продукти и услуги и да ги одберат тие што се со најдобра вредност. „Преку MarketKonekt брзо, едноставно и со мали вложувања компаниите ја промовираат […]

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

ИТ настан: Есенски CodeFu 2012 натпревар во програмирање

На 25 ноември со почеток во 12:00 часто се одржува есенското сесија на CodeFu 2012 натпреварување. Се работи за натпревар во програмирање наменет за сите студенти, апсолвенти и постдипломци. На сензонскиот натпревар ќе бидат доделени по еден iPod за победникот, и по случаен избор на еден учесник кој има позитивен број на поени. Во текот […]

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Драмски театар претстави своја Android апликација

Драмскиот театар објави своја мобилна апликација која ја содржи целосниот репертоар на претстави, галерии од претставите и слики и биографија за актерите, сценаристите, режисерите, и куп други детали поврзани со театарот. Апликацијата е изработена од македонскиот стартап CodeWell и иако покрај убав едноставен дизајн, нема спектакуларни функционалности, сепак е доволно добра за да им се […]

1 коментар Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК Мобилни

Апликација на денот: Сите апликации на македонскиот стартап Vulpi Inc.

Vulpi Inc. е основана во 2010 година од страна на Абдулах Алиоски и Аднан Бекироски, студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно ФОН, кои велат дека се автори на првата игра за iPhone во Македонија. Неговите десет апликации се одберени како апликации на денот. The Illuminati Code „Тоа што […]

5 коментари Прочитај 22 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Прв поглед на Vip Store и 15-те финалисти од Android предизвикот на Vip

Претходно ја објавивме листата од 15-те апликации кои влегоа во финалето на вториот Android предизвик на Vip, а сега ги објавуваме и сликите од апликациите кои може да се симнат на Vip Store. Оваа продавница е достапна за симнување од тука, но за жал ќе мора да бидете корисник на Vip за да ја користите […]

3 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Ова се 15-те финалисти на вториот Android предизвик на Vip

BeeClever, Doktori.mk, Everyvent, GRIDer, IgrajOro, E-azbuka… се мобилните апликации кои влегоа помеѓу 15-те најдобри на вториот Android предизвик на Vip. Се уште нема официјално соопштение за колку имало пријавени идеи на натпреварот, и што е поважно колку од тие идеи биле реализирани во мобилни апликации. Сите овие апликации-финалисти првин ќе се најдат на Vip Store, […]

7 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Сител: OMG! Македонија е центар на светот… на Google Earth!

Сител, еден од најголемите извори на информации во Македонија, попознат како медиум, се реши да го загрее национализмот кај својата публика со објавување на видео со наслов „За сите што не веруваат дека Македонија е центар на светот“. Во видеото Сител oтвара Google Earth, алатка за 3Д мапи, и зумира. По две-три кликања се гледа […]

17 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Претставена e мобилната апликација за намалување на ризиците од катастрофи и кризи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) доби нова алатка која ќе му помогне да се справи со катастрофи и кризи. Се работи за Аndroid, iOS и Windows апликација преку која ќе се споделуваат информации за катастрофи и кризи со нивен приказ на мапа, детали и споделување на друштвените мрежи. Мобилната апликацијата за намалување на ризици […]

0 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК Совети

Слободен софтвер за образовните установи во Македонија

Минатата недела се одржа е-Општество 2012 чија тема беше „Отворено образование за отворено општество“ на која се дискутираше за користењето на слободниот софтвер и отворените ресурси во образовните установи. Изненадувачки беше фактот дека голем дел од професорите, без разлика на нивната старост, се заинтересирани за промени во образованието и се спремни да ја користат технологијата […]

0 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК Мобилни

Апликација на денот: Викни такси во Скопје

18-ката во серијата „Апликација на денот“ ќе ја заокружиме со една македонска апликација. Ви ја претставуваме апликацијата Викни такси која сигурно ќе ви се најде од корист со оглед на тоа дека имаме голем број на такси компании, некои поскапи, некои поефтини, некои пак со редовен попуст. Викни такси е апликација која ги содржи скоро […]

2 коментари Прочитај 20 ноември, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Македонскиот интернет учи кирилица, но прво МАРНет бара ваши предлози за кириличен домен

МАРнет наскоро преку својот нов национален кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани да го користат интернетот на македонско кирилично писмо. Но, пред да започнеме да користиме кирилични домени ќе треба да го одбереме најсоодветниот домен. МАРНет на својот нов сајт marnet.mk, бара од македонските корисниците да предложат кириличен суфикс за новиот македонски домен. […]

5 коментари Прочитај 19 ноември, 2012
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Македонска апликација oсвои прво место на Samsung Smart App Challenge 2012

Crack Your Screen HD е една од победничките Android апликации на Samsung Smart App Challenge во категоријата на апликации кои не се игри. Победата можеби беше сигурна ако се знае дека квалитетот на првата верзија на Crack Your Screen, објавена пред скоро година дена, привлече вкупно 10 милиони симнувања на Google Play и останатите продавници. […]

4 коментари Прочитај 16 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: SAP CodeJam Skopje

Програмерите од Македонија на 24 ноември во Скопје ќе можат да се запознаат со своите колеги од SAP. Се работи за светски реномираната компанија за бизнис софтвер и слични услуги со седиште во Германија и претставништа во 130 земји, со вкупно 55.000 вработени. SAP CodeJam Skopje ќе се фокусира на cloud технологија. Поканетите програмерите ќе […]

4 коментари Прочитај 16 ноември, 2012
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб ИТ.МК

Македонија побара oд Google да отстрани YouTube видео поради национална безбедност

Македонија во првата половина на 2012 година побара отстранување на само една содржина, ни открива Google во својот Transparency Report. Во извештајот се наоѓаат податоци за колку пати државите и владините агенции побарале да се отстранат линкови и содржини од пребарувањето. Станува збор за Youtube видео чија содржина од органите на власта е проценета како опасна […]

3 коментари Прочитај 15 ноември, 2012
Мени
Заедница
Изглед