Таканаречените „семафори“ кои се поставени на шалтерите за оценување на администрацијата, сега добија онлајн верзија преку која граѓаните ќе можат да ја критикуваат или пофалат администрацијата со притискање на црвеното, жолтото или зеленото копче.
Онлајн семафорите можат да се најдат на semafor.mioa.gov.mk. Преку сајтот, откако ќе внесете архивски број на предмет, одделение и институција, ќе може да се оцени целиот административен тим, наместо индивидуалното лице кое е на шалтер.
Ова онлајн услуга е добредојдена за сите револтирани и, секако, задоволни граѓани, иако мислам дека првите се тие кои се срамат или им е незгодно да стиснат на физичкото копче бидејќи се наоѓа веднаш пред административното лице на шалтер додека зад него чека ред луѓе. Предност е секако што со онлајн оценувањето ќе можат да остават коментар и да ја објаснат својата оценка, што ќе му помогне на Министерството за информатичко општество и администрација да знае точно за што се работи.
Но, пополнување на формата делува малку напорно, и прашање е дали поголем број од граѓаните ќе бидат вољни да отидат онлајн и да коментираат за работата на еден шалтер кој го посетиле неколку часа претходно.
брееј ама е добар сајтот!!! еден од подобрите..бравос!! :p
Aplikacijata ne raboti vo IE 8
Вау, кој им го има правено сајтот? Обожавам како светка „Гласај тука“!