ИТ настан: iDerma e победник на првиот Mobile AppCamp во Скопје

За време на викендот, од 30-ти ноември до 2 декември, фондација Претприемачки сервис за млади (ПСМ) го организираше првиот меѓународен камп за развој на мобилни апликации во Скопје, MobileAppCamp. Ова е тридневен настан каде учесници од Европа развиваа комерцијални мобилни апликации со потенцијал за успешна пенетрација на глобалниот пазар, осознавајќи ги бенефициите од работа во мултикултурни тимови и под интензивно менторство од повеќе од 30 домашни и странски експерти, меѓу кои: Tим Џексон (основач на QXL),  Mајкл Гринберг (основач на мрежата на бизнис ангели SMART Angel Investor од Гибралтар), Филип Кандал (ко-основач на skobbler, компанија со над 3.000.000 корисници на апликациите),  Mаксим Гурвиц (инвеститор во Eleven Accelerator),  Мико Терхо (Nokia), Раду Тициу (извршен директор на Бизнис инкубаторот Тимисоара) и многу други.

Настанот предизвика голема заинтересираност што резултираше во учество на 114 млади луѓе од Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Украина, кои формираа 49 тимови и ги презентираа своите апликации во големото финале на последниот ден од настанот. Победник на настанот беше тимот iDERMA (Хрватска) кои беа наградени со  школарина  од School for Startups од Романија, учество на настанот Mobile Monday во Будимпешта и Alcatel One Touch. Апликацијата наградена за најдобра функционалност беше Carosel App (Mакедонија) and и доби StorCenter™ ix2 Network Storage. Hook-up (Црна Гора) тимот беше награден со Black Berry тест телефон за апликација со најдобар дизајн. Наградата за најдобар концепт (eGo® Portable Hard Drive, SuperSpeed USB 3.0,1TB.) ја освоија Baby App (Србија) и тимот награден од Game Founders за најдобра игра беше x3m-games (Македонија).

Mobile AppCamp е настан за развој на мобилни апликации каде учесниците учат, развиваат и лансираат комерцијални мобилни апликации за смартфони на сите оперативни системи. Кампот ги поврзува програмерите и мобилните стартапи со искусни експерти и успешни претприемачи во креативна и продуктивна средина каде се лансира новата генерација на мобилни апликации. Програмата е направена за да поддржи креација на иновативни мобилни апликации со потенцијал за раст во нова генерација на само- одржливи мобилни стартапи.

Повеќе информации можете да најдете на веб страната www.MobileAppCamp.org, a галерија слики од настанот може да видите на Facebook.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

GR8 Reviews

Marketing Intern

Македонијалек доо

Програмер C + +

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Product Owner

види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk