На 25 ноември со почеток во 12:00 часто се одржува есенското сесија на CodeFu 2012 натпреварување. Се работи за натпревар во програмирање наменет за сите студенти, апсолвенти и постдипломци. На сензонскиот натпревар ќе бидат доделени по еден iPod за победникот, и по случаен избор на еден учесник кој има позитивен број на поени.
Во текот на годината, покрај главниот CodeFu натпревар, се одржуваат и четири сезонски натпревари, community натпревари во кои проблемите ги поставува еден од учесниците на CodeFu, како и shortest solution натпревар во кој се бара најкратко решение за проблемите од претходниот натпревар.
Календарот на сите натпревари, како и информации за истите и можност за регистрирање и пријавување, ќе најдете на официјалниот веб сајт.







