Open Data e нов сајт кој е поддршка на иницијативата за отворено партнерство со Владата, преку кој ќе може да се најдат отворени податоци од јавен карактер кои се загарантирани според Законот за слободен пристап до информации.
Отворените податоци на сајтот (кој се уште е во изработка) се од јавен карактер за граѓаните и бизнис-заедницата. Целта им е да придонесат кон поголема институционална транспарентност, и брз и точен пристап до информации за креирање на нови бизнис модели. Досега 12 институции имаат формирано 30 сетови со податоци, кои се наменети за потребите на граѓаните и бизнисите.
Една интересна предност од оваа отворена иницијатива е што ќе може да се овозможи да се користат отворени потадоци за креирање на мобилни апликации од јавен карактер.
„Со тоа, ќе се отворат нови бизнис можности за сите провајдери во креирање и давање на услуги, воведување иновации и проширување на полињата на нивното делување, а ќе се создадат услови и за развивање нови вештини и знаења, со можности за инвестирање во нови технологии.“, вели Министерството за информатичко општество.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.