0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Бесплатна Code App, Level Up! работилница за мобилни апликации

Од 9-ти до 15-ти декември ќе се одржи работилницата Code App, level up! за развој на мобилни апликации, во организација на студентската организација EESTEC од Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

Во текот на бесплатните обуки кои ќе трајат една недела, околу 45 учесници (30 локални и 15 од странство) ќе учат како да направат Android, iOS и Windows Phone 8 мобилни апликации. Обуките ќе бидат поделени на академски и практичен дел, првиот ќе биде поддржан од ФИНКИ, а предавањата ќе ги држат истакнати професори и асистенти од факултетот. Тука ќе ја видите агендата.

За учество може да се пријавите тука, но имајте на ум дека е потребно познавање во програмските јазици C/C++, Java или C#.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top