Oваа сабота, 24 ноември, во просториите на Универзитетот ФОН ќе се одржи третиот по ред CodeCamp 2012. На еднодневната конференција ќе гостуваат 25 локални и регионални предавачи и експерти од софтверската индустрија.
На настанот ќе може да се слушне за најновите технологии и трендови за развој на софтвер како HTML5, .NET 4.5, Visual Studio 2012, Windows 8 development, Metro Style designs, Windows Phone, Dynamics, SQL, ASP.NET, Team Foundation Services, ALM, и т.н.. Повеќе детали за темите може да најдете на листата на предавања.
Овој настан е бесплатен и е организиран од волонтери на mkdot.net. Македонската .NET корисничка група е локална непрофитна организација, водена од група ентузијасти и програмери кои се мотивирање на градење на заедница на програмери во Македонија.
Подолу е видео од ланскaтa CodeCamp конференција.
[youtube]bwrCBvmLkrY[/youtube]







