Наскоро секој граѓанин ќе може да си направи сопствен метео сензор и да добиваат информации за тоа колку е загадена околината во која живеат. Со тоа, повеќе ќе нема потреба да се чека на институциите да објават информации каков воздух дишиме, а и самите знаеме дека истите може да бидат манипулирани. Метео сензор кутијата е проект на членовите на Слободен софтвер Македонија, кој е замислен да создаде прототипи и документација за понатамошна изработка на уреди кои ќе може да собираат информации за животната средина и истите да бидат претставени јавно.
Минималниот трошок за изработка на сопствена метео кутија која ќе вклучува мерење на температурата, влажност на воздухот и бучавата, изнесува околу 3.500 денари. Но, се зависи од изборот на сензор што ќе го направи самиот корисник. Исто така, сите уреди ќе бидат поврзани на интернет и постојано ќе испраќаат податоци со една база на податоци.
„Изработката на уредот може да биде и поскапа доколку корисникот дополнително одлучи да користи и сензори за мерење на концентрациите на загадувачките материи како јаглерод диоксид, озон, прашината ПМ10 и ПМ2,5, сулфурните и азотните оксиди. Сите овие сензори се набавуваат од странство, поскапи се и кутијата би чинела околу 400 евра“, велат од Слободен софтвер Македонија.
Овој проект ја освои првата награда на натпреварот „Подобри идеи за ЕУ фондови“ организиран од Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“. Наградата која ја доби „Слободен софтвер Македонија“ изнесува 1.500 евра и парите ќе бидат искористени за изработка на првите 4 кутии кои ќе мерат неколку параметри и ќе бидат завршени на почетокот на 2013-та година. Презентацијата за метео кутии која беше претставена пред делегација од ЕУ http://www.scribd.com/doc/114152117/Презентација-за-Метео-сензор-кутии
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.