Инсталирајте си Blogirame.mk виџет за WordPress

во ИТ.МК, Совети

Ви го претставуваме Blogirame.mk виџетот за WordPress. Во ред, не се работи за нешто револуционерно или кој знае што, но може да им се најде на многумина блогери кои сакаат да ги „автоматизираат“ работите и да го избегнат процесот на копирање на кодови и поставување на својот блог.

Таа мала работа што ја прави овој додаток е тоа што додава посебен елемент помеѓу виџетите и едноставно со „drag-and-drop“ можете да го поставувате на дозволените локации на вашиот WordPress веб сајт. Подолу ќе најдете информации за како да го инсталирате додатокот.

Blogirame.mk е македонска платформа за блогирање. Само пред некој ден се одржаа првите награди за блогерите. Тука ќе ги најдете победниците.

Инсталација

  • Автоматски:
  1. Одете во менито „Додатоци“ -> Додади нов.
  2. Во полето за пребарување, пишете „blogirame“, инсталирајте и активирајте го додатокот.
  • Менуално:
  1. Прикачете го „blogiramemk-widget“ директориумот во „/wp-content/plugins“.
  2. Активирајте го додатокот.
  3. Отидете во менито „Елементи“ и додадете го виџетот на вашиот веб-сајт.

Блогираме.мк виџет

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk