4 коментари 1 мин. читање

AEK стартува натпревар за мобилни апликации за Android, iOS и Windows Phone

„Која е твојата апликација“ е натпревар за креирање мобилни апликации за популарните мобилни платформи Android 2.3+, iOS 4+ и Windows Phone 7+, организиран од Агенцијата за електронски комуникации. Пријавувањето започнува од 5 декември и ќе трае до 25 јанури 2013-та година. Право на учество имаат сите полнолетни граѓани на Македонија. Аплицирајте на [email protected].

Критериуми по кои ќе се оценуваат апликациите се креативност, уникатност, визуелен впечаток и графички дизајн на апликацијата, перформанси и компатибилност на апликацијата, имплементираниот со социјалните мрежи (Facebook, Youtube, Twitter…) и искористување на можностите и потенцијалот на оперативните системи (Android, iOS, Windows phone).

За разлика од отстанатите натпревари за мобилни апликации кои ги видовме до сега, AEK ќе дозволи да учествуваат апликации кои веќе се објавени и закачени на соодветните мобилни продавници. Aвторските права на апликацијата ќе останат на програмерите.

Се уште нема датум за кога ќе бидат објавени победниците изберени од жири составено од АЕК. Исто така нема детали за наградите, освен информација дека ќе бидат доделени сертификати за учество и дека трите најдобри ќе бидат наградени.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top