3 коментари 1 мин. читање

Veni, vidi, поправи… Скопјани преку Android апликација ќе пријавуват дупки

Скопската општина Кисела Вода најави „пилот“ Android апликација преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат дупки и други општински дефекти преку својот паметен телефон. Како што е (само) најавено, ќе се споделуваат информации за дупката со фотографии и GPS лоцирање.

Иако идејата зад „Види, пријави, поправи“ проектот е благородна, сепак ваквите проекти до сега не се покажаа баш успешни. Имено, пред скоро три години на првиот Android предизвик победи апликацијата Popravi.mk која имаше иста функционалност како и најавената апликација на Кисела Вода. Но, проблемите со кои се соочи таа апликација е што 1) граѓаните не се многу замараа да пријават проблем бидејќи требаше да сликаат, вметнат локација, опис; и 2) oпштините воопшто не реагираа.

Можеби овој пат ќе биде полесен за реализација, бидејќи проектот го води општината Кисела Вода, па така преку crowdsourcing ќе може да ги лоцира сите проблеми, и да одлучи кој треба прв да се поправи. Но, за да стигнеме до фаза за поправање на дупки, првин треба да видиме функционална апликација која ќе се користи од граѓаните, кои, а ова е доста важно, ќе мора да поседуваат Android паметен телефон и да имаат мобилен интернет.

Како што стојат работите апликацијата на Кисела Вода е само најавен прототип, ништо повеќе, додека дупките и другите дефекти се реалност која ги оштетува граѓаните.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top