The Sims™ 4 Adventure Awaits: Нова, долго-очекувана авантура во познато опкружување

во Вести

Најновата експанзија за The Sims 4, насловена Adventure Awaits, неодамна пристигна, носејќи со себе освежителен бран на нови содржини кои имаат за цел да ја збогатат основната игра. Овој дваесетти по ред додаток се фокусира на бегство од секојдневната рутина преку воведување на целосно нов систем на одмори и активности, црпејќи инспирација од омилените класици како The Sims: Vacation и The Sims 3: World Adventures, но со модерен и уникатен пристап. Подгответе се за подлабоко и позначајно искуство, особено доколку наоѓате посебна сатисфакција поврзана со семејната игра и развојот на децата.

Во The Sims™ 4 Adventure Awaits имате на располагање две клучни, нови гејмплеј механики: Getaways и Custom Venues. Овие системи ви овозможуваат да дизајнирате уникатни искуства надвор од домот на вашите симс ликови. Имено, наместо стандардните патувања, сега можете да креирате специфични настани со однапред дефиниран распоред, улоги и правила. На пример, можете да изградите детски камп каде што децата ќе следат распоред на активности, од утринска гимнастика до вечерно раскажување приказни околу оган.

Исто така, можете да организирате натпревари со правила за елиминација, како што е романтично натпреварување во луксузна вила или спортски турнир во центар за рекреација. Новиот свет, Gibbi Point, веќе нуди неколку готови примери како што се кампот Camp Gibbi Gibbi и центарот за релаксација Revive and Thrive Retreat, но вистинската моќ лежи во можноста самите да ги градите ваквите нешта, како и да споделувате ваши креации, со што се отвораат навидум безброј можности за уникатни приказни и авантури.

Како што напоменавме на почетокот, во The Sims™ 4 Adventure Awaits особено голем акцент е ставен на збогатување на детството. Експанзијата воведува систем на таканаречени формативни моменти и детски чувства. Преку ова, децата развиваат уникатни особини кои влијаат на нивниот живот како возрасни. Најголемата новина, која би можела да ги воодушеви долгогодишните фанови, е враќањето на имагинарните пријатели.

Па така, децата можат да развијат посебна врска со една од четирите нови кукли, односно goofball, competitive, creative или evil, која потоа се оживува како суштество видливо само за тоа дете. Овој имагинарен пријател станува верен другар, нудејќи социјални интеракции и поддршка, а постои и можност подоцна во животот да стане вистински Сим (ништо не кажуваме на оваа тема, туку оставаме на вас да откриете нешто повеќе). Покрај тоа, додадени се нови активности како криенка и „лист, камен, ножички“, како и модуларни игралишта со нови лизгалки, кои им овозможуваат на децата да имаат подинамично и поисполнето детство.

Новиот свет, Gibbi Point, е поделен на три уникатни соседства кои нудат различна атмосфера и можности за истражување. Од една страна, Wanderwood Wilds е густа шума со скриени патеки, гејзери и мистериозна аура, идеална за љубителите на природата. Од друга страна, пак, Crystal Valley е предел со блескави кристални формации, а Jellyfish Junction е крајбрежен рај со тиркизна лагуна и локално население опседнато со медузи.

Нема никакво сомневање дека светот е богат со детали и живописни бои, а новите анимации за активностите како нуркање и стрелаштво се течни и добро изработени. Звучниот дизајн е исто така на високо ниво, со нова музичка позадина која се менува во зависност од соседството и фестивалот на кој присуствувате. Четирите нови фестивали, како што се Glow and Flow Festival и Round The Fire Festival, дополнително го оживуваат светот со специфична музика, декор и активности, правејќи го Gibbi Point да се чувствува живо и динамично.

Какви изгледи и предмети ќе најдете во The Sims 4: Adventure Awaits?

Во поглед на разубавување на вашите симс ликови, The Sims 4: Adventure Awaits ќе ви дозволу да експериментирате со 157 парчиња облека и додатоци за вашиот изглед. Што се однесува за вашите домови, тимот се има потрудено да ви го прошири каталогот со 199 дополнителни предмети, што, доколку не прашате нас е сосема доволно за нови и освежителни преигрувања.

За кого е The Sims 4: Adventure Awaits?

Кога ќе се земат сите овие работи во предвид, The Sims 4: Adventure Awaits е една од најсуштинските и најдобро осмислените експанзии во последниве години. Преку успешно комбинирање на носталгијата од минатите игри со иновативни механики се додава вистинска длабочина на играта. Додатокот е задолжителен и доколку уживате во семејната игра и раскажувањето приказни поврзани со детството.

Системите за креирање на сопствени одмори и настани нудат неверојатна креативна слобода, додека збогатеното детство со имагинарни пријатели и формативни моменти го прави растењето на симсовсците позначајно од кога било досега. На крајот на денот, Adventure Awaits е многу повеќе од колекција на нови изгледи и предмети за декорирање на вашите домови. Проширувањето ви дозволува да искусите малку поразличен и уникатен живот надвор од вашиот дом.

Ве интeресира за претходните The Sims проширувања? Прочитајте преку нашиот серијал, Саботна симс средба:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk