Саботна симс средба #7: да се јава коњ е да се лета без крилја

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Што е саботна симс средба?

Неделна статија замислена да ја информира The Sims заедницата преку детално разгледување експанзии и бројни додатоци за култната симулација.

Преку критичка посвета на бројните новитетите поврзани со додатокот, ве известуваме за тоа што најдобро функционира во поглед на механиките и на какви сѐ работи би можеле да наидете за уредување на вашиот дом.

Моментно, The Sims 4 има 17 главни експанзии, 12 game пакети, и 20 stuff пакети. Целта на оваа статија е заеднички да поминеме низ сите нив!

Претходните саботи пишувавме за:

The Sims 4: Horse Ranch

Седум саботни симс средби, како само времето лета, нели? Тоа никако не значи дека планираме да се опуштиме. Напротив, со полна пареа продолжуваме да ги разгледуваме бројните додатоци за нашата омилена игра. Бројни експанзии за The Sims 4 посебно се фокусираат на животните. Како големи љубители на малите крзнeти пријателчиња, потполно разбираме зошто е тоа така и со задоволство се дружиме со кучињата и мачињата во The Sims™ 4 Cats & Dogs, како и со бројните животни кои се воведоа во The Sims 4: Cottage Living.

И покрај сите животни кои беа воведени преку овие две проширувања, коњите тврдоглаво беа занемарувани. Не повеќе! The Sims 4: Horse Ranch ќе ви дозволи да одгледувате и да тренирате коњи, како и да развивате длабоки односи со нив. Ако мислевте дека тоа е сѐ што ќе правите во оваа експанзија, тогаш пријатно ќе се изненадите и од можноста да чувате јагниња и кози, како и да печалите денар-два преку правење и продавање нектар. Живот на ранч знае да биде прекрасен. Да дознаеме заедно како!

Дружба со четириножни пријателчиња

The Sims 4: Horse Ranch е експанзија која особено ќе ви се допадне доколку сакате јавање коњи, но и доколку сте фанови на места кои се силно инспирирани од (дивиот) запад. Проширувањето ќе ви дозволи да се префрлите во целосно нов свет. Chestnut Ridge е преубаво и огромно место кое се одликува со интересна комбинација од пустини и разеленети места. Топлата клима и инспирацијата од дивиот запад прикажува невообичаено, но забавно место за истражување. Низ трите соседства, ќе можете да направите нов дом на едно од 13 понудени места, а потоа и да започнете со градењето на вашиот идеален ранч.

Како што дознавме неодамна, живот на село не е лесно, но таквото нешто е подеднакво точно и за живот на ранч. Маката, меѓутоа, знае да се исплати, особено кога ќе почнете со дружење со бројни коњи, кози и овци. Слично како и со животните од претходните експанзии, коњите се менуваат низ три животни периоди, но козите и овците имаат само еден.

Независно од ова, времето си го прави своето и, кога ќе чукне последниот час, сите животни може да преминат на вечните пасишта. Поради тоа, потребно е да ги искористите кратките, драгоцени моменти што ги имате со нив, да изградите длабоки односи, да ги засукате ракавите и да им го собирате изметот – тука се парите!

Добро, пари во тоа нема, но изметот сега може да се користи како одлично ѓубриво за билките во вашата градина. Како други, помалку возбудливи активности, ќе можете и да собирате трева и да ги раните животните, како и да правите и продавате природен и здрав нектар. И, не, пред да прашате, од овие три работи, само нектар можете да продавате.

Подразбирливо, коњите ќе можете да ги јавате и да ги тренирате. The Sims 4: Horse Ranch воведува две вештини за вашите симс ликови, но четири за коњите. Така да, додека вие работите на тоа да правите подобар нектар и подобро да јавате, коњите ќе просперираат во поглед на нивната агилност, издржливост, скокање и темперамент. Алатката за креирање коњи е детална и никако не разочарува. Со малку време, воља и експериментирање, лесно ќе можете да го направите вашиот идеален коњ (или нешто што нема да им дозволи на симс ликовите да спијат со денови).

Нормално, кога дружењето со животните ќе ви здосади ќе можете во целосна кантри слава да се социјализирате во барови, да започнете и водите вестерн танцови или пак да организирате впечатливи социјални настани на вашиот ранч. Тука-и-таму, ќе можете и да бидете дел од натпревари со коњи, но и да славите ден на животни. Овие две активности се значително подобри откако ќе посветите добра доза време на тренирање на вашите коњи. Тренирањето на некоја од четирите способности воопшто не е лесно. Коњите имаат различен темперамент и ќе мора да сте внимателни за време на сесиите на обучување.

Какви предмети ќе најдете во The Sims 4: For Rent?

Build Mode-от се одликува со 214 предмети за најразлични соби. Посебен акцент се дава на предмети поврзани со дивиот запад, ранчеви, штали, но и одржување натпревари. Долго-годишните фанови на играта, ќе можат да си се клацкаат на клацкалки, да одржуваат логорски оган, да полнат хранилки за животни, да ги покажат нивните ултимативни потези на подиум за танцување, да го складираат некрарот на посебна полица, да свират на нов клавир, како и да си се опуштат во удобни вреќи за спиење.

Каква облека ќе најдете во The Sims 4: For Rent?

Create a Sim режимот ќе ви дозволи да ги „дотерате“ вашите Sims ликови и коњи со 148 парчиња облека или посебни стилови. Тимот се има потрудено да понуди најразлична облека, но со фокус на бројни тексас модели. Така да, очекувајте бројни тексас кошули, палта, фармерки, како и интересни шапки.

Ранчерско блаженство

На почетокот, бевме скептични за The Sims 4 Horse Ranch. Самото име не ни остави впечаток дека ќе има многу интересни содржини. Но, откако се воодушевивме од преубавиот свет и бројните ранчерски активности, можеме слободно да кажеме дека е ова една од нашите поомилени експанзии. Ни беше забавно да го отвориме нашиот дом на коњи, овци и кози, да изградиме импресивен ранч, а потоа да го поканиме градот на гости и на танцување кое е возможно благодарение на новата радио станица.

Дружба без граници

Тоа беше нашата седма статија за една од најпопуларните симулации. Се надеваме дека дел од работите што ги прочитавте ви беа интересни и дека ќе не пречекате и наредната недела каде под лупа ќе ставиме уште едно DLC создадено за моментните летни горештини!

Во меѓувреме, дали знаевте дека The Sims 4 неодамна ја доби 17-та главна експанзија? Целосно фокусирајќи се на љубовта, експанзијата Lovestruck излезе на 25 јуни и, покрај нови романтични механики, симс ликовите ги можат да се подноват и со нова облека и со нови предмети за нивниот дом. Прочитајте ја нашата рецензија тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 20 јули 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix Global

Fullstack Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk