8 коментари 7 мин. читање 7 септември, 2024

Саботна симс средба #9: паранормално дружење

Претходните саботи пишувавме за:

Ова сабота се дружиме на малку поразличен начин. Наместо да покриеме една експанзија, ние детално ќе ги анализираме квалитетите на два game пак-ови, се со цел да можеме длабоко да навлеземе во паранормалната страна на The Sims 4. Оваа сабота го подготвуваме патот за водење поседнати животи во чудно градче (StrangerVille) и целосен фокус на магии и нови животни состојби (Realm of Magic)!

The Sims 4: StrangerVille

Како седми game pack, The Sims 4: StrangerVille ни се допаѓа затоа што ни дозволува да започнеме војна кариера во еден рурален пустински град. Симсовците во StrangerVille се инфицирани од, па, „нешто“ и наша задача ќе биде да пробаме да го откриеме изворот на инфекцијата и да пробаме сите да ги спасиме.


StrangerVille е мало пустинско градче и втор свет кој се одликува со одредена приказна и серија од квестови чие разрешување ве наградува со специјални награди. Светот се одликува со 9 вселиви места, две заеднички места и едно специјално место. Светот е силно инспириран од Аризона и Невада, а мистериозната лабораторијата алудира на Area 51.


Квестовите во The Sims 4: StrangerVille се фокусираат на НЛО-а, вонземјани и бројни заговори од владата. Често ќе наидувате на чудни граѓани од кои ќе ви се крева косата нагоре, опасни билки, како и невообичаени временски услови. За брзо време од вашито престој, ќе почнете да забележувате сомнителни возила, агенти од владата, како и чудни алатки во нивните раце. Сите овие работи допринесуваат до исклучително невообичаена атмосфрена која пушта длабоки корени во мистериозното.


Како што напоменавме, некои од симс ликовите делуваат поседнати, односно индицирани од некоја необјаснива болест која се одликува со чудел стил на одење, нејасно мумлање и спомнување на мајката на сите билки. Во сево ова, не помага ни тоа што често ќе забележувате и чудни плави билки. На вас се остава да ја истражите мистериозната лабораторија и да најдете лек за болеста.


Што друго ќе најдете во The Sims 4: StrangerVille?

Покрај нова кариера и нова особина која ќе ги направи ликовите да се параноични, The Sims 4: StrangerVille ќе донесе и нова радио станица, нова аспирација поврзана со откривање на мистеријата поврзана со новиот свет, нова емоција, и нов вид на смрт поврзан со мајката на билките. Build модот се одликува со точно 111 предмети за декорирање на вашите домови, а Create a Sim режимот е проширен со дополнителни 40 парчиња облека.

The Sims 4: Realm of Magic

Како духовен наследник на The Sims: Makin’ Magic, осмиот game пак целосно се фокусира на истражување на магичната страна. Во новиот свет Glimmerbrook ќе можете да правите најразлични магии и пијалаци, да повикување следбеници и многу повеќе! Доколку сте фанови на Хари Потер, ова е пакетче од новитети само за вас!


Glimmerbrook е планинско и зашумено место со кое влече силна инспирација од бројни фантазиски книги и филмови. Светот се одликува со осум вселиви места, едно заедничкно место и едно специјално место.


Иако нема да наидете на квестови како во претходниот пакет, Realm of Magic се одликува со целосно нова животна состојба. Имено, Spellcaster е состојба доста слична на таа со вештерките. Можете да правите најразлични магии, како и да приготвувате магични пијалаци. Преку комплексен систем за надградба, ќе можете да отклучувате дополнителни вештини и способности и да пуштите длабоки корени во окултното.


Доколку наидете на други симс ликови кои ја поседуваат оваа животна состојба, ќе можете да навлезете во најразлични магични дуели, а ла Хари Потер.

Некои од дуелите се пријателски, а некои ќе ви дозволат да преземете работи, знаење или ресурси од лицето против кое се борите.


Паралелно со сите овие работи, вашите симс ликови ќе можат и да привлекуваат и, по потреба, да повикуваат следбеници како змејови и феникси. Во случај да ја имате експанзијата Cats and Dogs, ќе можете и нив да си ги повикувате на ист начин како и фантазиските суштества. И, пред да прашате, не, нема да можете десет од еднаш да повикате, туку само по едно може во исто време.

Што друго ќе најдете во The Sims 4: Realm of Magic?

Покрај нова животна состојба, можност за правење магии и повикување следбеници во целосно нов свет, The Sims 4: Realm of Magic ќе донесе и нова аспирација поврзана со магии и пијалаци, нови колекции, и нов вид на смрт поврзана со прекумерно користење магии. Build модот се одликува со точно 79 предмети за декорирање на вашите домови, а Create a Sim режимот е проширен со дополнителни 56 парчиња облека.

Синхронизација со паранормалното и окултното

The Sims 4: Realm of Magic и The Sims 4: StrangerVille се два додатока кои создаваат одлични можности за да се поврзете со паранормалното и окултното. Но, тоа не се единствените вакви додатоци за The Sims 4. Доколку ви се допадна ова што го прочитавте тука, тогаш се надеваме дека ќе останете со нас и во иднина, за кога планираме детално да ги разгледаме и The Sims 4: Vampires и The Sims 4: Werewolves.

Дружба без граници

Тоа беше нашата деветта статија за една од најпопуларните симулации. Се надеваме дека дел од работите што ги прочитавте ви беа интересни и дека ќе не пречекате и наредната недела каде под лупа ќе ставиме уште едно DLC создадено за есенската магија!

Во меѓувреме, дали знаевте дека The Sims 4 неодамна ја доби 17-та главна експанзија? Целосно фокусирајќи се на љубовта, експанзијата Lovestruck излезе на 25 јуни и, покрај нови романтични механики, симс ликовите ги можат да се подноват и со нова облека и со нови предмети за нивниот дом. Прочитајте ја нашата рецензија тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
8 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top