2 коментари 4 мин. читање

Саботна симс средба #5: Селски живот

Претходните саботи пишувавме за:

The Sims 4: Cottage Living

The Sims 4: Cottage Living е експанзија која ја препорачуваме од две причини:

  1. Големи сте фанови на The Sims™ 4 Cats & Dogs и сакате уште бројни можности за дружење со домашни животни
  2. Уживате во вршење најразлични селски активности и опуштање во природа

Како единаесето проширување за The Sims 4, Cottage Living максимално се фокусира на живот на село и чување најразлични домашни животни во преубав нов свет. Паралелно со оваа, ќе наидете на нови, значајни активности поврзани со земјоделие, организирање саеми и многу повеќе! Кој вика дека е глупаво на село, очигледно не ги проверил потенцијалите на Cottage Living! :)



Селска идила во нов свет

Во Cottage Living имате целосно нов свет. Henford-on-Bagley или HOB е разеленето спокојно место, полно со интересни градби и луѓе. Но, покрај зелени површини, ќе наидете и на многу водени површини и езерца во кои симсовските со задоволство ќе запливаат. Инспирирано од британски села, HOB зрачи со интересни локации и разиграни животни. Доколку ја имате и експанзијата The Sims 4: Seasons, селцето се потопува низ четирите годишни времиња и зазема поразновидна димензија. Прилично сме задоволни од севкупниот дизајн, поставеноста на парцелите и веселата атмосфера која потсетува на свет директно извлечен од некоја бајка.

Животински придобивки

Селски живот без домашни животни не е живот. Токму поради тоа, Cottage Living ќе ви дозволи да изградите најразлични шупи, куќички и кокошарници за да чувате бројни кокошки, крави, лами, зајчиња и диви птици. Особено ни се допаѓа целиот систем поврзан со животните.

Па така, доколку ја измолзете кравата, млекото ќе можете да го измешате со јајцата од кокошките и брашното купено од локалната продавница за да направите вкусни јадења. Начинот на кој се приготвува храната е значително проширен, особено во поглед на правење и користење конзервирана храна.

Но, доколку не сте внимателни, ќе си имате проблем и со лисици. Овие слатки штеточини сакаат да си го пикаат носот онаму каде што не им е работа и доколку не се правилно справите со нив, никогаш нема да ги соберете потребните состојки за правење торта. Спомнавме и лама, но не и нејзината волна која ќе ви помогне да се занимавате со правење најразлични дизајни на материјал.


Нова професија: Cross-stitch

Со новата професија, ќе можете да му удрите клоца на варварското плетење и да се занимавате со пософистицирана, но еднакво женствена форма на правење најразлични дизајни.

Наспроти она што би мислеле, професијата е одлично осмислена. Ви дозволува да правите, поставувате или продавате претходно-дефинирани дизајни во три големини. Доколку вашата вештина е доволно висока, ќе можете да „дизајнирате“ било што со опцијата Cross from Reference


Градинарот цвеќето го расне…

Значи, можете да се дружите со диви птици и нескротени зајчиња, можете да крафтате најразлични работи, да собирате јајца, да молзете крави, или пак да се играте со животните. Cottage Living излезе дека е поголема експанзија од она што првично мислевме. Паралелно со сите овие активности, можете и да садите и одгледувате најразлични култури додека, нормално, уживате во пријатните звуци на целосно нова радио станица.

Во поглед на градинарство, можете да садите значително повеќе работи и да се залагате истите да се со запрепастувачка големина. А, во моментот кога ќе најдете во земјата нешто што ќе ги направи останатите симсовци да позеленат од љубомора, ќе можете да отидете на гратскиот саем и да го истакнувате вашето ремек дело пред сите. Овие саеми се случуваат често и пружат одлични можности за социјализација со комшиите.

Како што ќе видите од Simple Living предизвикот, не е лесно да се готви чесно
Нека најголемата тиква победи!

Каква облека ќе најдете во The Sims 4: Cottage Living?

Create a Sim режимот ќе ви дозволи да ги „дотерате“ вашите Sims ликови со 132 парчиња облека. Тимот се има потрудено да понуди најразлична облека, нешто што е целосно во тон со селските секојдневни активности.


Предизвик во едноставно живеење

Simple Living e нов предизвик според кој нема да можете ништо да готвите ако ги немате соодветните состојки претходно соберено од градината или купено.

Имате на располагање огромен број рецепти кои бараат најразлични намирници, така да, ако сакате поозбилен предизвик, гледајте ова да ви е активирано.


Какви предмети ќе најдете во The Sims 4: Cottage Living?

Build Mode, од друга страна, се одликува со 170 предмети за најразлични соби. Посебен акцент се дава на предмети поврзани со уредување на дворовите и куќите, се со цел да се воведе бајковите димензија.

Сите животни можете да ги облечете на најразлични начини

Дружба без граници

Тоа беше нашата петта статија за една од најпопуларните симулации. Се надеваме дека дел од работите што ги прочитавте ви беа интересни и дека ќе не пречекате и наредната недела каде под лупа ќе ставиме уште едно DLC создадено за моментните летни горештини!

Во меѓувреме, дали знаевте дека The Sims 4 неодамна ја доби 17-та главна експанзија? Целосно фокусирајќи се на љубовта, експанзијата Lovestruck излезе на 25 јуни и, покрај нови романтични механики, симс ликовите ги можат да се подноват и со нова облека и со нови предмети за нивниот дом. Прочитајте ја нашата рецензија тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 22 јули 2021
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top