Саботна симс средба #4: Снежно бегство

Што е саботна симс средба?

Неделна статија замислена да ја информира The Sims заедницата преку детално разгледување експанзии и бројни додатоци за култната симулација.

Преку критичка посвета на бројните новитетите поврзани со додатокот, ве известуваме за тоа што најдобро функционира во поглед на механиките и на какви сѐ работи би можеле да наидете за уредување на вашиот дом.

Моментно, The Sims 4 има 17 главни експанзии, 12 game пакети, и 20 stuff пакети. Целта на оваа статија е заеднички да поминеме низ сите нив!

Претходните саботи пишувавме за:

The Sims 4 Snowy Escape

Сноубординг, санкање, качување по карпи и планинарење!

Во потрагата за полесно справување со огромните жештини, решивме да побараме утеха во најстудената експанзија која постои за The Sims 4. Ако Seasons се посветува на сите годишни времиња, Snowy Escape дава целосен акцент на зимата и бројните зимски активности. Поради тоа, наместете пониска температура на климата, облечете нешто удобно и подгответе се да навлезете во вистинска зимска идила.

Бираме место за нашата Луси

Нов свет, механика, и кариера

Нека не ве загрижува насловот на оваа експанзија. Snowy Escape е чистокрвно продолжување кое воведува бројни интересни, уникатни и, пред се, забавни механики во еден преубав и долго посакуван свет. Светот Mt. Komorebi е силно инспириран од богатата јапонска традиција, нудејќи на вашите симс ликови лековити топли извори, спортски рекреативни центри и раскошни шуми полни со неочекувани авантури.

Планинското место на Mt. Komorebi ви дозволува да се санкате, да се качувате по карпи, да проверите колку сте вешти во сноубординг или пак да се дружите со најблиските преку планинарење.

Доколку не се пронаоѓате во бројните физички активности, тогаш би можеле да започнете целосно нова кариера. Salaryperson е доста слична како бизнис кариерата, со една мала разлика: целосно се фокусира на јапонската структура за водење бизнис и бара од вас вештини во логика, пишување и програмирање, како и висок степен на каризма. Лично, целата кариера нам ни остави впечаток на неинспиративна, но исплатлива корпоративна занимација која, од неодамна, брзо ја заменивме со нешто поинтересено, како консултант за романса.

Плафонот на кариерата е раководител на одделение (звучи здодевно, нели?)

Од друга страна, особено ни се допадна новата механика која се воведе со експанзијата. Lifestyles функционираат на сличен начин како traits, но, за разлика од системот со особини, животните стилови се пофлексибилни и не се врежани во камен. Имено, во зависност од тоа како ја играте играта, такви и животни стилови ви се формираат. Од нив произлегуваат особини, емоции и уникатни механики кои даваат значително поголема длабочина за вашите симс ликови. Но, доколку не ги негувате, односно не им посветувате внимание, вашите животни стилови можат да бидат изгубени, или пак целосно заменети со некој друг животен стил.

На располагање имате 15 животни стилови

Интересни факти за The Sims 4: Snowy Escape

– Како десетта експанзија, The Sims 4: Snowy Escape по првпат дозволува светот да служи ем за живеење ем како туристичка дестинација

– Трејлерот за експанзијата предизвика одредена полемика бидејќи прикажуваше работи кои се протолкуваа како навредливи за играчите од Северна Кореја. По гласна реакција, делот во трејлерот каде се поклонуваат луѓе во јапонско светилиште беше отстранет.

– Mt. Komorebi е свет кој се заснова на јапонските острови Хоншу и Хокајдо
Сноубординг со стил

Зимска идила

Snowy Escape е една од нашите омилени експанзии. Mt. Komorebi е преубаво место во кое апсолутно уживавме при бројните зимски активности, како и можноста за релаксирање во топлите извори, планинарење низ шумите или пак внимателно истражување на снежниот планински терен. Ни се допадна и зголемената комплексност со животните стилови, при што се почуствувавме како конечно да имаме подлабока контрола при обликувањето на животите на нашите симс ликови.

Но, никако не ни се допадна новата кариера и утеха баравме во новите вештини, новите аспирации, како и новиот тип на време поврзан со грмотевици. Тука и таму, ќе наидете и на целосно нова радио станица со песни инспирирани од јапонски фолк, како и најважно од се, бројни нови предмети, облека и фризури.

Ајде да летаме….

Каква облека ќе најдете во The Sims 4: Snowy Escape?

Create a Sim режимот ќе ви дозволи да ги „дотерате“ вашите Sims ликови со 134 парчиња облека. Тимот се има потрудено да понуди најразлична облека, голем дел од неа е поврзана или со подобро справување со студените елементи или пак за подобра имерзија со јапонскиот дрес код.

Какви предмети ќе најдете во The Sims 4: Snowy Escape?

Build Mode, од друга страна, се одликува со 188 предмети за најразлични соби. Посебен акцент се дава на предмети за подобар увид во традиционалните јапонски вредности.

Дружба без граници

Тоа беше нашата четврта статија за една од најпопуларните симулации. Се надеваме дека дел од работите што ги прочитавте ви беа интересни и дека ќе не пречекате и наредната недела каде под лупа ќе ставиме уште едно DLC создадено за моментните летни горештини!

Во меѓувреме, дали знаевте дека The Sims 4 само што ја доби 17-та главна експанзија? Целосно фокусирајќе се на љубовта, експанзијата Lovestruck излезе на 25 јуни и, покрај нови романтични механики, симс ликовите ги можат да се подноват и со нова облека и со нови предмети за нивниот дом. Прочитајте ја нашата рецензија тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 13 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk