Саботна симс средба #6: дружба под туѓ кров

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Што е саботна симс средба?

Неделна статија замислена да ја информира The Sims заедницата преку детално разгледување експанзии и бројни додатоци за култната симулација.

Преку критичка посвета на бројните новитетите поврзани со додатокот, ве известуваме за тоа што најдобро функционира во поглед на механиките и на какви сѐ работи би можеле да наидете за уредување на вашиот дом.

Моментно, The Sims 4 има 17 главни експанзии, 12 game пакети, и 20 stuff пакети. Целта на оваа статија е заеднички да поминеме низ сите нив!

Претходните саботи пишувавме за:

The Sims 4: For Rent

Како 15-та експанзија за децениски старата The Sims 4, For Rent ви пружа бројни услови за попредизвикувачко „играње“ со симс животи. Доколку сметавте дека е премногу лесно да се управува со едно семејство и сега сакате да си ги тестирате нервите со пет семејства од еднаш, For Rent е проширувањето кое ќе ви го дозволи токму тоа!

Со оваа експанзија, ќе можете да правите и издавате станови и повеќесемејни куќи. Конечно, вашите симс ликови ќе можат да бидат сопственици на овие места, да си имаат станари и да се грижат за нивните потреби. Паралелно со ова, ќе наидете на бројни други активности за социјализација во целосно нов азиски-инспириран свет.

Југоисточна убавина

Заедничкиот живот го започнувате во релативно мал свет. Tomarang се одликува со две соседства кои се инспирирани од Југоисточна Азија. Иако светот е преубаво дизајниран и полн со интересни детали, сметаме Maxis можеле ем да го направат поголем ем да пружат поголеми можности за интеракција. За жал, нема многу имоти, а бројните локали се само преубава, но празна лушпа. Имено, иако центарот изгледа преубаво и полн со најразлични тезги, продавнички и знаменитости, симс ликовите или не можат да стапат во интеракција со нив, или пак влегуваат внатре и времето автоматски поминува без да знаете што точно се случува помеѓу ѕидовите. И покрај ова, ни се допадна азиски инспирираните места, предмети и активности и често се навраѓаме на уникатниот изглед на Tomarang.

Живот во заедница

Во The Sims 4: For Rent можете да правите згради на најразлични спратови и да ги изнајмувате становите на заинтересирани семејства. Ваквото заедничко живеење и уникатноста на бројните ликови, создава услови за интересни интеракции (и драми!), особено кога едно семејство сака хиперактивни, гласни активности, а другото семејство ја цени тишината. Ваша задача е да најдете баланс помеѓу семејствата, да пробате да ги превоспитате за да ги почитуваат вашите правила или, ако тоа не успее, да издадете налог за иселување.

Вашата зграва е ваша и вие сте ултимативниот „газда“. Тоа значи дека можете да бидете добри или лоши онолку колку што ви сака срцето. Ако некој ви се пожали за нешто, како протекување во купатило, врева или нехигиена, можете да ги засукате ракавите, да пробате да го решите проблемот сами или со помош на професионални лица. Или, а ова е големо или, можете да погледнете да другата страна, да си свиркате и да си собирате кирија. Или (уште едно големо или), да си го пикате носот онаму каде што не ви е работа, да крадете или шпионирате, па потоа да ги уценувате станарите. Внимавајте, меѓутоа, на вашиот рејтинг. Доколку падне рејтингот, бизнисот би можел да зазема непосакувана форма.

За нас, најнеочекуваното изненадување беше поврзано со ширењето на мувлата. Доколку не водите ред, мувлата може да земе значаен замав, да се прошири, па дури и да ги разболи и убие станарите. Нашата прва средба беше толку неочекувана и шокантна да инстантно не принуди да креираме ликови со име Џоел и Ели. Како сопственик на зградата или како станар, ќе се соочувате со најразлични ситуации кои, доколку не се соодветно и навремено решат, ќе предизвикаат хаос со озбилни последици. Како други настани, би навеле поседнување од духови, инвазија од инсекти, протести од станарите, и слично.

Какви предмети ќе најдете во The Sims 4: For Rent?

Build Mode-от се одликува со 205 предмети за најразлични соби. Посебен акцент се дава на предмети поврзани со заеднички интеракции или предмети од кои ќе има целата заедница одреден бенефит. Долго-годишните фанови на играта, ќе можат да постават клима, радијатори, мини фрижидерчиња, билијард и џакузи, а помалите ќе може конечно да заиграат со џамлии или школица.

Каква облека ќе најдете во The Sims 4: For Rent?

Create a Sim режимот ќе ви дозволи да ги „дотерате“ вашите Sims ликови со 142 парчиња облека. Тимот се има потрудено да понуди најразлична облека, но со фокус на летниот период. Така да, очекувајте бројни маички со кратки ракави и шорцеви, како и модерни фризури за помлади и постари.

Зошто експанзијата има многу негативни рецензии на Steam?

Доколку ја посетите страната за проширувањето на Steam, ќе забележите дека само 33% од рецензиите се позитивни.

Очигледно, големиот број гејмери се незадоволни од големината на светот и малиот број можности за интеракција. Како дополнителни причини се наведуваат бројните багови кои не дозволуваат да го играте проширувањето онака како што е замислено и рекламирано од Maxis.

Дружба без граници

Тоа беше нашата петта статија за една од најпопуларните симулации. Се надеваме дека дел од работите што ги прочитавте ви беа интересни и дека ќе не пречекате и наредната недела каде под лупа ќе ставиме уште едно DLC создадено за моментните летни горештини!

Во меѓувреме, дали знаевте дека The Sims 4 неодамна ја доби 17-та главна експанзија? Целосно фокусирајќи се на љубовта, експанзијата Lovestruck излезе на 25 јуни и, покрај нови романтични механики, симс ликовите ги можат да се подноват и со нова облека и со нови предмети за нивниот дом. Прочитајте ја нашата рецензија тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Maxis
  • Издава: Electronic Arts
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 7 декември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk