Во светот на коктелите.мк
Kokteli е .мк интернет страница посветена на коктелите. Можете да најдете се, од рецепти и чаши за пијалаци до алатки на барменот и барменска терминологија.
Kokteli е .мк интернет страница посветена на коктелите. Можете да најдете се, од рецепти и чаши за пијалаци до алатки на барменот и барменска терминологија.
Eлектронскиот дневник е бесплатен сервис, проект кој треба да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, да овозможи едноставен увид на родителите во училишните дневници и оценките на нивните деца, вели Министерството за образование.
МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.
TEDxSkopje објави 4 видеа од конференцијата, сигурно набрзо ќе бидат објавени и останатите осум. Можеби почекавме за видеата, но бидејќи е прв локален TEDx настан воден од волонтери сепак нема забелешки.
<Надополнето:> Time.mk за кратко време од објавувањето ја тргна сината и црвена верзија поради незадоволство на корисниците. Дискусијата за црвен и син пристрасен Time.mk можете да ја прочитате во коментарите подолу, каде има доста интересни коментар што го критикуваат Time.mk бидејќи „етикетира“, но и коментари кои се сложуваат дека македонските медиуми се пристрасни.
<Надополнето 07.02.11> За цените воопшто не е разговарано, вели новиот директор на МАРНет, Сашо Димитријоски одговарајќи на нашиот мејл каде побаравме да се потврди информацијата за цените, кои според новиот директор нема да се менуваат. „За менување на цената на домените во МАРНет воопшто не се разговарало и најверојатно таа ќе остане иста, што значи ова се само шпекулации кои немаат никаква основа. Ќе треба да го прашате „Глобус" од каде им се таквите информации.“
Grabnipopust.мк е новитет во низата нови сервиси за групно купување во Македонија. Grabnipopust.mk се уште не ги стартувале своите услуги.
Како нови веб сервиси на македонскиот пазар, сервисите за групно купување импресионираат со своите стартови. Првин grouper.mk, а сега и Колектива продава импресивен број купони за многу кратко време од стартувањето.
ФИНКИ ќе започне со работа од студиската 2011/12 година. ФИНКИ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, е нов факултет кој ќе ги спои досегашниве две информатички катедри од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Законот за формирање на ФИНКИ е изгласан од Собранието на 29 декември 2010 година, интересно, без глас против.
Македонскиот портал Бркај Работа си зеде за право да објави фотографии за „најпровокативни фејсбук-македонки“. Не само што немаа дозвола за сликите, кои се сигурно објавени на приватен профил и на Facebook, што е затворена мрежа, туку ги повикаа другите корисници да споделат уште фотографии од други нивни Facebook пријатели за да „се има увид во она што ни го нуди македонскиот фејсбук“.
Новиот .мк сервис за групно купување Grouper.mk се пофали дека за ден и половина по стартувањето успеа да продаде 110 купони за фитнес пакети. Дополнително продадени се и 40 купони за аеробик и 50 купони за топло чоколадо, а во моментов и над 70 купони за пица.
Сите млади, креативни и иновативни луѓе до 35 години ќе можат да приложат свој бизнис план за било каква идеја, вклучувајќи и ИТ идеи за апликации, веб сервиси и стартапи, по што ќе имаат шанса да добијат дел од 21.000 евра вредниот награден фонд, на Националниот натпревар за бизнис план.
Се подготвува нов правилник на МАРНет за „управување со врвниот македонски домен .мк и други акти неопходни за функционирањето на МАРНет. Во текот на месец февруари оваа година правилникот ќе стапи во сила со што ќе се овозможи непречено регистрирање на нови домени.“, вели Mинистерството за информатичко општество по седница со Управниот одбор на МАРНет. На седницата за претседател на новиот МАРНет е избрана Маргита Кон-Поповска, професорка на Природно-математичкиoт факултет и досегашен потпретседател на одборот на МАРНет.
Купување преку интернет учествува само со 1% од трансакциите преку електронски картички, кои се 8-10 отсто од вкупниот промет во државата, вели Министерството за информатичко општество повикувајќи се на извештајот на USAID.
Која е најдобрата продавница за хардвер, најдобра според квалитетот на робата, цената и според сервисот и услугата? Форумџиите стартуваа интересна анкета која прерасна во дискусија за продавниците споделувајќи го своето корисничко искуство.
Како низ светот, така и во Скопје се прослави 10-тиот роденден на онлајн енциклопедијата Wikipedia која има над 17 милион текстови на 270 јазици. Википедија на македонски пак има 43.000 текстови по само 5 години постоење, што може да се каже дека е огромен успех земајќи в обзир дека се работи на мала група волонтери кои допринесоа кон слободно ширење на знаењето.
Онлајн енциклопедијата Wikipedia на 15 јануари 2011 година ќе прослави 10 години постоење и „споделување слободно знаење“. Ќе има журки во Скопје, ширум светот и на Веб, за да се прослави овој јубилеј на онлајн енциклопедијата која Џими Велс ја стартуваше во 2001 година.
За кратко време во Македонија се најавија два сервисa за групно купување, Grouper и Kolektiva кои планираат во текот на јануари да ја стартуваат е-трговијата нудејќи големи попусти и соработувајќи со разни локални бизниси.
Интересен податок е дека Дирекцијата за заштита на личните податоци има директен контакт со службеник од Facebook посветен за проблеми со граѓаните и корисници на мрежата. Ова е потребно бидејќи скоро секој ден во последниве шест месеци Дирекцијата добива поплаки заради мрежата, но не сите се конкретни барања за превземање нешто, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.
Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина... веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.