8 коментари 2 мин. читање

Надополнето: За цените на МАРНет не се разговарало, најверојатно ќе останат исти

Од Глобус велат дека е направено сопствена анализа, без конкретни информации од МИО, дека „Штом за регистрирање на домен ќе се ангажираат нови приватни компании кои би требало да добиваат лиценца од МАРНет (лиценцата сигурно нема да ја добијат беслатно) тие сигурно ќе ја наплатат услугата (за оваа услуга и МАРНет наплаќаше одредена сума) тогаш логично е дека ќе се добие на брзина на регесрирање и се надевам не превисока цена за извршената услуга.“

</надополнување>

МИО најавува скратена процедура за регистирање домени, либерализација на пазарот, но и домените, односно регистрацијата на .мк домените ќе биде „многу“ поскапа. Вака пишува магазинот Глобус во својот „Владата сака да го контролира Интернетот!“.

Надвор од насловот кој е испровоциран од расправа меѓу опозиција и власт т.е МИО, текстот се однесува на гасењето на МАРНет од страна на Уставниот суд и за последиците што ги затекнаа македонските интернет корисници и локални бизниси.

Инаку додека работеше МАРНет регистрацијата на .мк домен чинеше 600 денари за една година, а после првата година 310 денари. Контактиравме со МИО за новата цена на .мк доменот, но немаше конкретен одговор од таму бидејќи новиот директор на МАРНет Сашо Димитријоски, советник на МИО не беше достапен (види надополнување).

Но, интересно, г. Димитријоски имаше денешно интервју за Нова Македонија каде спомена дека МАРНет наскоро ќе се профункционира.

„Оптимистички регистрацијата на нови (.мк) домени ќе почне до крајот на наредната недела, а песимистички на тоа би можело да се почека до крајот на февруари.“, вели тој додавајќи

„Она што како приоритет се наметнува во овој момент е укинувањето на правилникот за управување со врвниот македонски домен (.мк). Иако не е најсуштинската работа на функционирањето на „Марнет“, сепак, во оваа ситуација на непостоење на правна регулатива за управувањето на домените, уште во првите денови ќе треба да се донесе нов изменет правилник. Правилникот што беше во сила до скоро имаше многу слабости.“

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top