МАРНет стартува наскоро, ќе има јавна расправа за новиот правилник
МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.