Текстот кој беше објавен од 22 јануари, сега е тргнат, откако им побаравме информација на четири лица поврзани со порталот, меѓу кои и основачите, од кои се уште не добивме договор на едноставно прашање – Дали имате дозвола од девојките да објавите такви слики и дали некои од девојките се малолетни?
Целта како и секогаш ни е да дознаеме како се разгледува и прифаќа правото на приватност во дигиталната сфера. Можеби и да едуцираме. До каде е Facebook јавен, дали информациите и фотографиите објавени таму се всушност достапни за сите да ги превземаат?
Во текстот, во коментарите на порталот, две девојки побараа да им ги тргнат сликите по што од порталот рекоа:
Второ интересна ситуација е што корисниците кои побараа тргање на сликите или одговорност за приватноста беа негирани од други корисници, демек тоа е фер направено, а други споделија и имиња на некои девојки кои се на сликата. Тие коментари не беа модерирани. Се чини, БркајРабота е доволно фер да не објави имиња (сарказам).
Сепак можеби „најпаметниот“ коментар е овој:
И овој коментар остана, иако Бркај Работа вели дека навредливи коментари ги тргаме. Еве уште еден коментар на истиот текст од самиот портал.
Тоа што е неверојатно е што се работи за јавен портал, кој не само што си зеде за право да објавува фотографии без дозвола, туку и да негира нечија приватност без да помисли да ги заштити девојките. Не само тоа, туку најавија и нови „тури“. Провокативните фотографии, иако објавени на Facebook, сепак се објавени за меѓу пријателите на кои девојките им дале дозвола да пријдат до тие фотографии, и се фотографии, за чие превземање според закон, треба дозвола!
Според приватноста на Facebook: „Ако се собираат информации за корисници, треба: да добиете дозвола, да посочите дека виа (не Facebook) ги собирате нивните информации, и да постирате полиса за приватноста објаснувајќи кои информации ги собирате и како ќе ги користите“.
Бидејќи денес, петок 28.01, е Ден за заштита на лични податоци мислам дека е фер да споделиме некој совет за девојките:
- Контактирајте со властите – Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) ви е најдобриот пријател кои ќе ви дадат совет како да ги контактирате,
- Поднесете им тужба за нарушување на приватност и нарушување на безбедност!
- Бидете среќни што следниот пат нема да ви објавуваат ваши слики.
Среќен Ден на заштита на лични податоци и приватност!


Коментари
29 коментари
Коментарите се затворени.