Среќен 10-ти роденден Википедија!

во ИТ.МК

На настанот во Ла Кања, во Скопје, направен од средба, презентации и потоа забава, се спомена дека Википедија не треба да се користи како релевантен извор, бидејќи нели секој може да придонесе, да едитира и да менува, но факт е дека онлајн енциклопедијата станува извор на знаење кој сите ние го користиме скоро секој ден.

Настанот ги собра на едно место три организации кои промовираат слободни информации, кои направија по една презентација. Википедија на македонски го претстави концептот на енциклопедијата како сите ние може да придонесеме. Не мора цел текст, но може да се започне со краток пасус и референца, пасус кој подоцна ќе биде проширен и едитиран од други и други и други корисници што ќе доведе до еден обемен информативен текст креиран во вики духот. Презентацијата на Слободен софтвер Македонија беше посветена на „Ширење на хакерскиот дух“, додека Метаморфозис фондацијата го претстави Wiki.mk проект наменет за собирање информации за локалните општини.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на 15.01.2011 низ цел свет се прославуваше десет години од постоењето на Википедија, првата слободна енциклопедија која […]

trackback

[…] на 15.01.2011 низ цел свет се прославуваше десет години од постоењето на Википедија, првата слободна енциклопедија која […]

nnovica
10 years ago

Точниот линк до текстот „Ширење на хакерскиот дух“ е: http://novica.softver.org.mk/node/567

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

OneContact Macedonia

Remote Python Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk