4 коментари 1 мин. читање

Колектива продаде стотици купони за попуст во првиот ден

Во првиот ден по стартувањето Колектива продаде над 470 купони со 90% попуст на греано вино, намалувајќи ја цената на 10 денари од можни 90.

Секако дека се работи за 10 денари, па интересoт е очекуван, но токму и тоа е поентата на овие групни сервиси – да ја намалат цената да биде привлечна за корисниците, но да не им наштети на бизнисите донесувајќи им група луѓе. Секако потребно е да има доволно број луѓе за да биде успешна зделката, односно попустот. Доколку нема доволен број луѓе, зделката не поминува, а парите на корисниците им се враќаат.

Како што се спомена и претходно, .мк сервисите на почеток ќе бидат само во Скопје, но се споменува и проширување и во другите .мк градови.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top