Интервју со Мафиа.мк, веб сајт на годината
Играта започна како хоби, а потоа стана посериозен проект, вели Трајче Петров, еден од креаторите на Мафиа.мк, веб игра која е прогласена за сајт на 2010-та од читателите на IT.com.mk.
Играта започна како хоби, а потоа стана посериозен проект, вели Трајче Петров, еден од креаторите на Мафиа.мк, веб игра која е прогласена за сајт на 2010-та од читателите на IT.com.mk.
Веб играта Mафиа.мк не случајно го избра името „БалКанКан“ за својата нова сезона, бидејќи играта истовремено стартува и во Бугарија и наскоро во Србија.
Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се собере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.