6 коментари 1 мин. читање

Во светот на коктелите.мк

На страницата ќе наидете на навистина многу рецепти за коктели. Можете да пребарувате низ рецептите по име ако знаете што барате, или едноставно може да си ја впишете омилената состојка и да видите листа на рецепти кои ја содржат. Пребарувањето работи само ако пишувате со кирилична поддршка, затоа не се разочарувајте ако не добиете никаков резултат ако впишете назив со латинични букви. Исто така, можете да допринесете на базата со рецепти, додавајќи некоја ваша креација.

На страницата можете да најдете и историјат на некои од пијалоците, можете да прочитате разни занимливости, дури и да пресметате колку алкохол имате во крвта, колку калории има пијалокот што го пиете и да ги „растурите” состојките на најпопуларните коктел рецепти.

Kokteli.mk изгледа навистина привлечно за око, и лесно се навигира низ нејзините содржини.

За да добиете претстава што ве чека:

Bahama mama #1

Состојки:
1.5 oz. Светол Рум
1.5 oz. Златен Рум
1.5 oz Темен рум
2 oz Sweet & Sour Mix
2.5 oz Џус од портокал
2 oz. Џус од ананас
1 капка Grenadine
Опис:
Ставете мало прснување grenadine на дното на колинс чаша. Ставете снапукнат мраз во чашата и додадете ги останатите состојки.
Тип на чаша: Колинс чаша

Живели!

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top