Можеби сината и црвената верзија ќе ги видиме повторно во поразлична форма. Time.mk најавува персонализација на вестите, па можеби пристрасните корисници ќе можат да си одберат медиуми, што значи дека пристрасните читатели ќе можат да си одберат свои медиуми.
Во следниот поголем upgrade (Time.mk 3.0) ќе следува: персонален избор на медиуми и подесување на нивната релевантност (тежина), and more ..
</надополнување>
Агрегаторот за вести Time.mk доби две нови бета верзии. Покрај стандардниот Time.mk, сега има син и црвен Time.mk, верзии кои се наменети да го истакнат различните политички содржини во разните медиумите, пример синиот е за тие вести каде се истакнуваат попристрасни вести за опозицијата и критики кон власта, и црвен каде има пристрасни вести кои ја истакнуваат актуелната власт.
„Идејата за оваа опција дојде од самата природа на агрегаторите, а тоа е да не можат секогаш
да ги задоволат сите читатели, т.е. во даден момент агрегаторот е преплавен со црвени вести,
во друг момент со сини вести. “, вели Игор Трајковски креаторите на Time.mk.
Од програмски аспект е многу лесно да се направи алгоритмот да ги одредува вестите на која боја припаѓа, бидејќи постои очигледна поларизација на македонските медиуми, односно се познава кој фаворизира чие политичко мислење, со „чесни исклучоци“, вели Игор.
Одредувајќи 2-3 пристрасни медиуми од двете страни како примарни, доволно е само да се подредат медиумите според сличните вести и со тоа да им се одреди на која боја припаѓаат.
„Треба да имаат одреден % на слични со едната група, за да се обои, значи има голем број на сиви медиуми. Оваа припадност постојано ќе се пресметува и не е константна.“
„Од кога ги имаме боите, на веќе постоечките кластери од вести, во првиот случај на едните вештачки, поради бојата, им се зголемува тежината, а на спротивните малку им се
намалува (за да неутралните релативно ов однос на спротивните им се зголеми тежината), а во вториот случај обратно, и така се добиваат две пристрасни верзии на Time.mk.“
За неутралните читатели, не се грижите, стандардниот неутрален Time.mk ќе остане како почетна страна. Доколку сакате обоени мислења ќе мора да ги отворите соодветните страни.
Игор најавува и анкета со десетици илјади корисници кои ќе споделат мислења за секој медиуми со цел да се одреди бојата – дали медиумот е син, црвен или сив?

Коментари
57 коментари
Коментарите се затворени.